„Во Белград ме мразеа“ - Девојка од САД открива кои 4 градови не се безбедни за жени што патуваат сами

„Од првиот миг кога стигнав во Србија, чувствував непријателски однос кон мене“ – тврди патувачката блогерка Клои Џејд од САД, која посетила голем број земји во светот, а се обиде во кратко видео да појасни кои 4 градови воопшто не се безбедни за жените што патуваат сами.

vo-pariz-mi-podmetnaa-opijati-vo-pivoto-vo-belgrad-me-mrazea-koi-4-gradovi-ne-se-bezbedni-za-zheni-shto-patuvaat-sami-01.jpg

Клои Џејд е патувачки блогер од САД, која со своите следбеници на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и видеа од нејзините патувања околу светот, па неодамна сподели и едно видео во кое раскажа кои 4 градови направиле воопшто да не се чувствува безбедно.

Од Африка до Азија, преку САД и Европа, оваа жена поминала голем број земји во светот и има големо искуство кога станува збор за патувањата, а вели дека во 4 градови досега се чувствувала нејнебезбедно.

vo-pariz-mi-podmetnaa-opijati-vo-pivoto-vo-belgrad-me-mrazea-koi-4-gradovi-ne-se-bezbedni-za-zheni-shto-patuvaat-sami-04.jpg

Како што појаснува, видеото на ТикТок го објавила на барање на нејзините следбеници и иако во ниту еден од овие градови немала сериозни проблеми, сепак смета дека кога патувате таму треба да бидете екстремно внимателни.

Иако, многумина очекуваат на нејзиниот список на градови да се најдат некои градови во Азија и Средниот Исток, тоа воопшто не е така.

Погледнете кои 4 градови, според неа, воопшто не се безбедни за жени и потребно е да бидете повнимателни од вообичаено:

Париз

Клои вели дека досега имала можност да го посети Париз шестпати, но дека првиот пат се чувствувала небезбедно.

Како што раскажува, првиот пат кога имала само 22 години се запознала со еден локалец, кој имал нечесни намери.

Тој се обидел да ја опие со пиво, а потоа да ја однесе во една темна уличка недалеку од нејзината хотелска соба.

„Му реков да се губи и избегав во хотелот.

Штом се вратив во собата веднаш се онесвестив.

Цела ноќ се препотував и верувам дека ми имаше ставено нешто во пијалакот“ – раскажува таа.

vo-pariz-mi-podmetnaa-opijati-vo-pivoto-vo-belgrad-me-mrazea-koi-4-gradovi-ne-se-bezbedni-za-zheni-shto-patuvaat-sami-03.jpg

Маракеш, Мароко

Клои вели дека уживала во своето патување во Мароко, каде била заедно со нејзината пријателка од Турција, Дилар.

„Сѐ на сѐ, уживав во моето патување во Мароко и навистина си поминав убаво во Маракеш, но Дилар беше со мене и таа не се чувствуваше безбедно низ улиците на Маракеш.

Станува збор за многу стар град и ѕидовите се блиску еден до друг и иако не се чувствував небезбедно, морам да напоменам дека голем број од младите момчиња беа мошне агресивни“ – вели таа.

Иако ова патување поминало без компликации, Клои чувствува должност да ги предупреди своите следбенички за безбедноста.

vo-pariz-mi-podmetnaa-opijati-vo-pivoto-vo-belgrad-me-mrazea-koi-4-gradovi-ne-se-bezbedni-za-zheni-shto-patuvaat-sami-02.jpg

Патаја, Тајланд

Според Клои, секој треба задолжително барем еднаш во животот да го посети Тајланд, но жените според неа треба да се држат настрана од популарната туристичка дестинација која е позната по плажите и ноќниот живот, Патаја.

Освен тоа, Патаја е надалеку прочуена по големиот број проститутки, бордели и барови кои се преполни со туристи.

„Ужасно е. Има голем број мажи од сите земји во светот, што знаете дека доаѓаат за да прават ужасни работи и заради тоа се чувствував неудобно“ – вели таа.

vo-pariz-mi-podmetnaa-opijati-vo-pivoto-vo-belgrad-me-mrazea-koi-4-gradovi-ne-se-bezbedni-za-zheni-shto-patuvaat-sami-05.jpg

Белград, Србија

Клои упати предупредување до нејзините американски следбеници да бидат мошне внимателни кога одат во Србија. Како што вели од мигот кога пристигнала во земјата чувствувала дека луѓето се непријателски настроени кон неа.

Како што вели, ништо лошо не ѝ се случило, но цело време чувствувала дека на луѓето не им се допаѓа што е таму.

„Како заклучок сметам дека луѓето таму воопшто не ги сакаат Американците“ – вели таа.

Погледнете го видеото:

@chloejadetravels

5 places I felt unsafe in as a female traveler This was a video that was requested by many people so I decided that I should make it. I do wanna stress how important it is to just be vigilant and aware anywhere that you are as any person regardless of gender I also feel lucky that I have not run into more serious issues because I know a lot of women have All of these countries are amazing and you should not stigmatize any of these countries based on my experiences! This is where i felt safe: @@chloe jade - travel #travelvlogger#marrakech #femaletraveldestinations#pattayabeach#parisianlife#safetraveldestination#serbiatiktok

♬ Belonging - Muted

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg