Невеста е исмеана откако сама си направила торта за својата свадба
- Детали
- четврток, 12 октомври 2023
Во време кога свадбите и свадбените торти чинат цело богатство, девојка од Австралија направи потег за пофалба. Сепак, повторно стана мета на замерки и критики... Како за сè да имаме лош збор во денешно време, зарем не?
Лора Сакс од Австралија стана мета на онлајн критики откако на својот ТикТок профил откри дека одлучила сама да си направи торта за својата свадба.
Потегот е навистина симпатичен и во време кога свадбите чинат цело богатство нејзината идеја е навистина забавна и креативна.
Но, за жал таа стана мета на критики од следбениците, кои незадоволни од изгледот на нејзината свадбена торта ѝ коментираа дека тортата не изгледа доволно добро, односно изгледа како „Детска торта“.
Лора и сама во описот на видеото се шегува: „Не знам дали беше добра идеја да си правам свадбена торта на полноќ, вечерта пред мојата свадба“, но по насмевката на нејзиното лице се гледа дека уживала во процесот.
Во Австралија цените на свадбените торти се движат од 300 долари (околу 17.000 денари) до 1.200 долари (речиси 70.000 денари), па потегот на Лора навистина не зачудува и е за секоја пофалба, зарем не?
Видео од изработката на тортата:
@darlinggoose Not sure if making my wedding cake at midnight the night before my wedding was the best idea 😅🤪💋
♬ Bad Habits - Ed Sheeran
С. С. | Црнобело