„Син ми се роди без анален отвор – Мислев дека ќе останам без него, но по 6 операции лекарите го спасија“

„Бев преплашена дека ќе го загубам. Мораа да го стават на животна поддршка и мислев дека ќе умре“ – вели жена во Англија чие бебе се родило без анален отвор. Како што раскажува, никој не забележал дека со бебето нешто не е во ред, сѐ додека не го надоила.

sin-mi-se-rodi-bez-analen-otvor-mislev-deka-kje-ostanam-bez-nego-no-po-6-operacii-lekarite-go-spasija-01.jpg

Вики Томпсон (36) од Англија го родила синот Чарли и на прв поглед работите изгледале сосема нормално, но откако го надоила сфатила дека нешто не е во ред со него.

Одеднаш бебето почнало да се губи, немало столица, а урината во пелената била со неприродна зелена боја.

Лекарите набрзина утврдиле во што е проблемот и веднаш го однеле за да му ги прочистат цревата.

sin-mi-se-rodi-bez-analen-otvor-mislev-deka-kje-ostanam-bez-nego-no-po-6-operacii-lekarite-go-spasija-02.jpg

Чарли имал редок дефект во дигестивниот тракт, па бил роден без анален отвор и заради тоа немал можност да ја исфрла цврстата храна од организмот.

Ова уште се нарекува и имперфориран анус, а се јавува почесто отколку што верувате – во 1 на 5.000 деца.

„Бев целосно преплашена... Мислев дека ќе го загубам бебето и кога лекарите ми рекоа: ‘Не веруваме дека има анален отвор’ - бев преплашена“, вели таа.

sin-mi-se-rodi-bez-analen-otvor-mislev-deka-kje-ostanam-bez-nego-no-po-6-operacii-lekarite-go-spasija-03.jpg

Во рамки на првата операција, лекарите веднаш му вградиле стома на абдоменот која е поврзана со неговиот дигестивен и уринарен тракт со цел да му се овозможи лесно да се ослободува од фекалиите во организмот.

Чарли морал да помине два дена во медицински предизвикана кома, за да му се овозможи на организмот да го прифати новиот екстремитет.

„Бев преплашена дека ќе го загубам. Мораа да го стават на животна поддршка и мислев дека ќе умре. Постојано мислев на најлошото“ – вели таа.

sin-mi-se-rodi-bez-analen-otvor-mislev-deka-kje-ostanam-bez-nego-no-po-6-operacii-lekarite-go-spasija-04.jpg

Вики и нејзиниот свршеник Алекс по 7 дена конечно успеале да го земат синот дома, а оваа млада мајка раскажува дека искуството било застрашувачко.

Стомата мора да се менува редовно, а неправилното менување може да предизвика инфекција.

„Кога си мајка за првпат, тоа само по себе е ново искуство, но уште потешко беше и да се справуваме со стомата. 

Беше многу стресно, затоа што луѓето се плашеа да му ја менуваат ќесата за стомата, па морав сѐ да правам сама“ – вели таа.

sin-mi-se-rodi-bez-analen-otvor-mislev-deka-kje-ostanam-bez-nego-no-po-6-operacii-lekarite-go-spasija-06.jpg

По ова, тој морал да помине уште 5 операции, со цел да му се помогне правилно да ги исфрла фекалиите од организмот.

Мајката вели дека сѐ уште никој не знае дали детето некогаш ќе може да оди во тоалет како сите останати луѓе и најверојатно животот ќе го помине со стома.

„Ова беше огромна траума за нас. Најважно во моментов ми е да ги учам мајките да ги проверуваат бебињата. И покрај сѐ, тој е прекрасно бебе“ – вели таа.

 sin-mi-se-rodi-bez-analen-otvor-mislev-deka-kje-ostanam-bez-nego-no-po-6-operacii-lekarite-go-spasija-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg