„Мојот сопруг е 3 години помлад од мојот син, го запознав кога имаше 19 години“
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2023
Деана Бомер (47) е во брак со Стивен Бомер (27). Кога се запознале, Деана имала 38, а Стивен само 19 години. Иако тој е 3 години помлад од најстарото дете на Деана, парот вели дека годините не им се важни бидејќи љубовта е посилна од сè.
Деана и Стивен Бомер се веќе 7 години во брак и имаат 4-годишно дете. И сè би било совршено, освен што Стивен не само што е 19 години помлад од својата сопруга, но е и 3 години помлад од нејзиниот најстар син.
И покрај огромната разлика, тие почнале љубовна врска, која ја крунисале со брак во 2016-та година. Стивен е очув и на четирите деца на Деана, кои имаат 13, 17, 25 и 31 година.
Поради големата разлика во возраста, семејството и пријателите ги осудуваат, особено што Деана е постара и од мајката на Стивен. Уште пострашни се и коментарите од луѓето што не ги познаваат.
Но, тие за себе тврдат дека се совршен пар.
„Почетокот на врската беше најтежок, но сега е многу полесно, бидејќи луѓето кои нè гледаат такви какви што сме, знаат дека треба да бидеме заедно“, вели Деана.
Тие се запознале преку тетката на Стивен, која е блиска пријателка со Деана. Почнале да се дружат во автомобилскиот клуб во неговото средно училиште.
Деана одела во автомобилскиот клуб на Стивен, па ги возела него и неговите пријатели на интересни места во близина на градот. Времето го користела за подобро да се запознае со 19-годишното момче.
„Јас и моите пријатели имавме клуб за автомобили, а таа доаѓаше со својот џип, седеше на нашите состаноци и потоа се дружевме. Но, еден ден, таа само ме праша дали сакаме да одиме во барот и да се дружиме и така почна сè“, раскажал Стивен.
Деана во тоа време не работела, а поминувала низ болен развод од нејзиниот тогашен сопруг со кого била 22 години во брак.
Се преселила во нов стан со своите четири деца и го прашала Стивен дали сака да живее со нив за да ги делат трошоците за киријата.
Откако ја официјализирале врската пред семејството и пријателите, Деана добила поддршка од нив.
Но, Стивен се борел да ги задржи своите пријателства и да се справи со семејството кое било против нивната љубов.
„На мајка му не ѝ се допадна идејата да сме заедно. Јас сум само неколку месеци постара од неа, па не сакаше да ме прифати.
Слушав коментари од неговото семејство дека е дете и не разбирам како е да се грижи за цело семејство. Јас имав 4 деца пред да го запознаам, едниот син е постар од него, но колку и да звучи чудно, денес Стивен има одличен однос со сите нив“, додала Деана.
Стивен, пак, вели дека изгубил многу пријатели пред десетина години, бидејќи биле млади во тоа време, а тие сакале да излегуваат и да се забавуваат, а тој сакал да е со Деана.
„Сега сите тие имаат свои деца, почнуваат да гледаат како е. Моето семејство, пак, ја прифаќа врската и тоа ме радува“, раскажал Стивен.
А. Ј. | Црнобело