„Се борам да сврзам крај со крај за да купам храна за децата, но тоа не значи дека сум лоша мајка“
- Детали
- петок, 29 септември 2023
„Стигнав до касата и немав доволно пари за да платам. Луѓето почнаа да зјапаат во мене“ – мајка на 3 деца раскажува како се бори да ги израсте децата и како хуманиот гест на една непозната жена ја довел до солзи.
Самохраните мајки на мали деца знаат дека некогаш е мошне тешко да се соберат доволно финансии за основните потреби на семејството и дека често се случува да мора да си скратат на некои сопствени задоволства само за да донесат храна во домот и да ги нахранат своите деца.
Со оглед на тоа што цените во целиот свет се во пораст, воопшто не зачудува фактот што голем број луѓе од целиот свет се жалат за тоа колку им е тешка финансиската состојба.
Англичанката Бет Нелсон од Манчестер е мајка на 3 деца која неодамна на својот ТикТок профил сподели како хуманиот гест на една непозната жена ја изненадил и ја потсетил дека сѐ уште постојат луѓе.
Низ солзи Бет раскажува дека при пазарењето го земала само најнеопходното за неа и за нејзините деца.
Но, кога застанала на каса сфатила дека нема да има доволно пари за да ја плати сметката во висина од 41.65 британски фунти (околу 50 евра) за нејзината неделна набавка на храна за неа и нејзините деца.
„По тоа што ми се случи едноставно морав да си одам дома и да плачам. Стигнав до касата и немав доволно пари. Луѓето почнаа да зјапаат во мене“ – вели таа.
Во тој миг мајката почнала да размислува кои продукти би требало да ги врати, кога една жена што претходно била во слична ситуација како неа, пристапила и ѝ ја платила сметката.
Таа вели дека најголем страв почувствувала кога излегле надвор и жената ја повикала да разговараат приватно. Бет вели дека почнала да си мисли како госпоѓата ќе ја критикува или ќе ја навредува, но наместо тоа добила охрабрувачки зборови.
Госпоѓата дури извадила уште пари од паричникот за да ѝ помогне на Бет да ја помине неделата.
„Жената беше многу фина. Силно ме прегрна и ми рече дека и таа била во слична позиција претходно. Само ме потсети дека ако во моментов не можам да сврзам крај со крај тоа не значи дека сум лоша мајка“ – вели таа.
Погледнете го видеото на Бет, што досега е прегледано повеќе од 200.000 пати:
@boowitchy ♬ original sound - boowitchy
Б. С. Б. | Црнобело