Снима видеа на кои се прејадува и плаче, не може да се движи од вишокот килограми – Пропаста на јутјуберот Никокадо Авокадо
Необично е што вакви видеа обично прават девојки и жени, па Николас беше помеѓу првите мажи Американци кој го прифати трендот.
Николас има четири Јутјуб канали на кои има вкупно 5,5 милиони претплатници.
Mukbang видеата на неговиот прв канал честопати имаат и над милион прегледи.
Но, токму овие видеа го означија почетокот на пропаста на јутјуберот.
Поради огромното количество храна што го јаде, некогаш и по 10.000 калории одеднаш, Николас драстично ја зголеми тежината.
По некое време, тој почна и да се однесува чудно на видеата – да плаче, да се расправа со сопругот, а во едно видео дури и си ја избричи главата.
„Брзата храна ме полуде. Имам манични епизоди каде што сè ми изгледа тешко. Како торнадо сум“, изјави тој во интервју.
Иако Николас тврди дека додава доза драма во видеата за да има поголема гледаност, фановите се загрижени дека неговото ментално здравје се влошува.
Фановите се грижат и за физичкото здравје на јутјуберот, чија тежина само се зголемува.
Тој почна и онлајн „препукувања“ со други јутјубери кои снимаат слична содржина, а дел го обвинија за малтретирање.
По препукувањата, Николас откри дека се разделиле со сопругот, а главната причина биле конфликтите со другите јутјубери, но и бројните негативни коментари на неговите видеа.
Во 2020-та тој направи и профил на OnlyFans каде што откри дека споделува експлицитни фотки и видеа.
Истата година, Николас почна да кажува дека зборувал со Исус – нешто што на фановите не им е јасно дали е шега или знак дека неговата состојба дополнително се влошува.
Во меѓувреме, Николас и сопругот се смирија, со што продолжија нивните караници на видеата на Јутјуб.
Истовремено, тој беше забележан и како пазари во инвалидска количка што алудира на тоа дека веќе е толку здебелен, што има проблеми со движењето.
Кон крајот на 2020-та, Николас изјави дека ќе престане да снима Јутјуб видеа, но сепак продолжи со објавите.
Во април минатата година, Николас откри дека е во болница и најверојатно има рак на тестисите.
Оттогаш нема спомнато ништо за наводната дијагноза.
По бројните коментари дека буквално се убива за гледаност, јутјуберот изјави дека планирал да ослаби.
Но, сепак, продолжува да снима видеа во кои јаде огромна количина храна, плаче и се расправа со сопругот.
Спирова С. | Црнобело