Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се врати“
- Детали
- вторник, 26 септември 2023
Кармен од Англија е зависничка од солариум која добила рак на кожата поради честите третмани. Но, и по ракот, таа продолжила да оди на солариум, па сега се соочува со уште еден рак (на белите дробови) во четврти стадиум. Над 20 години, таа користела солариум скоро секоја недела, почнувајќи од само 15-годишна возраст, a и покрај дијагнозата не успеала да се откаже од зависноста.
Можеби не колку во 2000-тите, но солариумите се популарни и денес.
Но, кај солариумите е многу важна умереноста – претераното користење може да предизвика рак на кожата поради зрачењето со УВ зраци.
Проблемот е што некои луѓе буквално стануваат зависни од користењето солариум, а со ова си предизвикуваат сериозни проблеми со здравјето.
Во ваква ситуација се нашла 48-годишната Кармен Оукс од Англија која поради зависноста од солариум добила рак на кожата.
Откако се излекувала, Кармен повторно ѝ се вратила на лошата навика, а со тоа ѝ се појавил нов рак, овојпат на белите дробови.
Таа вели дека сега се чувствува глупаво бидејќи си ја „прокоцкала втората шанса за живот“.
Кармен ја добила првата дијагноза во 2014 година, откако лекарите ѝ откриле малигна бенка на грбот.
„Си играв со оган. Бев глупава и си мислев дека е во ред да продолжам со солариум бидејќи ми ја отстранија малигната бенка. Имав втора шанса за живот, но повторно му се вратив на солариумот“.
Цели 30 години, Кармен одела во солариум скоро секоја недела.
Таа почнала да користи солариуми од многу рана возраст, а според истражувањата, раното започнување, заедно со претераното користење, значително го зголемува ризикот од рак.
Кармен првпат отишла на солариум на само 15 години со нејзината сестра. Во период од шест месеци, со сестра ѝ правеле третмани кои траеле и по еден час.
Потоа Кармен почнала да оди на солариум еднаш неделно, за 10-минутни третмани.
Но, во 2014-та ќерка ѝ ја забележала бенката на нејзиниот грб. Околу еден месец по дијагнозата, бенката ѝ била отстранета, а направила и уште една операција во случај ракот да бил проширен.