Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се врати“
Кармен закрепнала релативно брзо, но речиси веднаш му се вратила на солариумот.
Да нагласиме дека лицата кои имале рак на кожата воопшто не треба да користат солариум.
Во септември 2021 година, Кармен почнала да чувствува болки во рамената и рацете. Болките не престанале, за во јануари годинава да добие уште една дијагноза за рак.
„Дента кога отидов на лекар, се разбудив со страшна болка на левата страна од градите. Мислев дека не е ништо страшно. Ѝ се јавив на ќерка ми и отидовме во болница.
Ми направија рендгенска снимка и открија дека имам течност околу белиот дроб. Тогаш мислев дека е последица од корона вирусот што го прележав кратко пред прегледот“.
Но, набрзо потоа Кармен дознала дека на левиот дроб има канцероген тумор. Но, овојпат операцијата не била опција – туморот на белиот дроб зафаќал дел од крвните садови и срцето.
Кармен почнала со терапија со чија помош туморот се намалил, но сè уште е таму и ракот е во четврти стадиум.
Сепак, таа пробува да остане позитивна.
„Иако сум во четврти стадиум, продолжувам да работам. Досега сум во ред, мислам дека ми помогна позитивниот став. Ќе направам што било за да останам жива.
Обично велат дека не можете да добиете рак на кожата ако не изгорите во солариумот. Но, јас не изгорев ниту еднаш, значи ова не е важно.
Има многу млади девојки кои многу често користат солариум од возраст. Почнуваат да одат на солариум на само 20 години и не сфаќаат дека се изложуваат на ризик“, вели Кармен.
Спирова С. | Црнобело