Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка останала без заби на 24 години поради проблеми со здравјето - сега доби нови и живее „втор“ живот

Поради реакција од лекови против болка, Натали од Канада почнала да повраќа многу често. Ова траело неколку месеци, поради што нејзините заби почнале да се расипуваат и да се кршат. Единствена опција била да ги извади, но немала доволно пари за квалитетна вештачка вилица. Сега, благодарение на донации од хумани луѓе, Натали конечно добила нови заби.

devojka-ostanala-bez-zabi-na-24-godini-poradi-problemi-so-zdravjeto-sega-dobi-novi-so-pomosh-na-donacii-foto-01.jpg

Вештачките вилици се нешто што нè асоцира на многу повозрасни луѓе. Но, некогаш и мошне млади лица се присилени да носат вештачки вилици.

Во таква ситуација била и 24-годишната Натали Лакас.

Натали, која живее во Ванкувер, Канада, носела вештачки вилици уште од 19-годишна возраст.

Таа имала проблем со здравјето поради кој постојано повраќала. Од ова, пак, нејзините заби почнале да се расипуваат и кршат, за на крај да мора да ги извади сите.

devojka-ostanala-bez-zabi-na-24-godini-poradi-bolest-sega-dobi-novi-zabi-so-pomosh-na-donacii-foto-09.jpg

Фактот што ги изгубила забите на толку рана возраст имало ужасно влијание врз самодовербата на Натали. Но, сега конечно добила трајни вештачки заби, благодарение на донации.

„Ме чека уште долг пат, но по толку долг период без заби, конечно имам насмевка. Сè ми изгледа надреално. Чудно е! Посебно моментот кога првпат ги видов резултатите и се видов со заби.

Додека ја гледав мојата нова насмевка, се почувствував многу самоуверено.

Низ годините потиснував многу емоции. Првата година кога носев вештачка вилица бев во депресија и плачев секој ден.

Не сфатив колку сум страдала додека не ја видов мојата нова насмевка“, вели среќната девојка.

devojka-ostanala-bez-zabi-na-24-godini-poradi-bolest-sega-dobi-novi-zabi-so-pomosh-na-donacii-foto-05.jpg

Проблемите на Натали почнале на 18-годишна возраст, кога доживеала мала сообраќајка. Бидејќи имала некои повреди, лекарите ѝ препишале лекови против болка.

Токму овие лекови ѝ предизвикале сериозни проблеми со желудникот, поради што Натали постојано повраќала, и тоа со месеци.

Од киселината, нејзините заби почнале да слабеат и да се расипуваат.

„Во еден период, повраќањето беше толку често, што со мене постојано носев паста и четка за заби за да можам да се измијам“.

devojka-ostanala-bez-zabi-na-24-godini-poradi-bolest-sega-dobi-novi-zabi-so-pomosh-na-donacii-foto-04.jpg

Натали ја доживеала сообраќајката во февруари 2017-та, а до крајот на летото истата година, почнала да повраќа и крв.

„Тогаш сфатив дека повеќе не можам да се кријам, па откривме дека состојбата на желудникот ми е многу полоша. Имав и рана на хранопроводот бидејќи повраќав многу. За да ме излечат, ми дадоа 18 различни лекови“.

devojka-ostanala-bez-zabi-na-24-godini-poradi-bolest-sega-dobi-novi-zabi-so-pomosh-na-donacii-foto-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајката која пред 16 години роди осумка зборува за предизвиците: „Забременив со ин витро, докторката... 16 години откако роди осумка, Натали Сулеман реши да прозбори за целото свое иск...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас сум полничка девојка и мојот згоден дечко не е со мене поради фетиш, туку поради мојот карактер... „И полничките девојки заслужуваат љубов, исто како и сите други. Мене ме привлек...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале... Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како ние деновиве. Во ...
На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната пр... Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg