Потег за осуда: Турист од Ирска се качи на статуа во Брисел и ја скрши (видео)

Турист од Ирска ја разгневи јавноста откако се појави видео на кое се качува на статуа во Брисел и притоа ја крши. Неодамна статуата била реставрирана и за тоа се потрошиле над 15.000 евра, но сега повторно ќе треба да се поправа. Однесување за секоја осуда, зарем не?

poteg-za-osuda-turist-od-irska-skrshi-statua-vo-brisel-otkako-bila-restavrirana-za-15-000-evra-video-001.jpg

Се чини дека сè повеќе туристи не само што покажуваат непочитување, туку и уништуваат културни наследства на дестинациите што ги посетуваат.

Годинава еден турист се потпиша на Колосеумот во Рим, а набрзо потоа имаше и жена која бесрамно влезе во фонтаната Треви која исто така се наоѓа во Рим.

poteg-za-osuda-turist-od-irska-se-kachi-na-statua-vo-brisel-i-ja-skrshi-video-002.jpg

Сега, пак, на Твитер се споделува видео од турист кој скрши статуа во Брисел.

poteg-za-osuda-turist-od-irska-skrshi-statua-vo-brisel-otkako-bila-restavrirana-za-15-000-evra-video-4_copy.jpg

Станува збор за статуа со маж и лав, а на видеото се гледа како туристот, кој е од Ирска, се качува на лавот. И, притоа крши дел од статуата.

Инцидентот се случил во неделата, односно на 10-ти септември.

poteg-za-osuda-turist-od-irska-skrshi-statua-vo-brisel-otkako-bila-restavrirana-za-15-000-evra-video-09.jpg

Зградата пред којашто се наоѓа статуата е позната како Bourse, а била отворена за јавност само еден ден пред инцидентот.

Изминатите три години, градбата се реставрирала, а за ова биле потрошени над 77 милиони евра.

И статуата била реставрирана, а за ова биле одвоени над 15.000 евра.

Според едно од лицата одговорни за реставрацијата, поправката ќе чини многу скапо:

„Ќе бидат потребни многу пари бидејќи статуата ќе треба да ја поправат вистинските експерти. Статуата е културно наследство.

Би сакале брзо да завршиме со поправките, но сигурно ќе бидат потребни неколку недели, па можеби и месеци.

Целата градба беше реставрирана, вклучувајќи ги и двете статуи на влезот кои беа во лоша состојба. Мислевме дека луѓето ќе покажуваат поголема почит кон статуите. Многу е тажно што се случи ова“.

poteg-za-osuda-turist-od-irska-skrshi-statua-vo-brisel-otkako-bila-restavrirana-za-15-000-evra-video-02.jpg

Не е познато дали туристот ќе биде казнет, но наводно бил уапсен додека седел во ресторан за брза храна во близина на статуата.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg