„Хејтери ме исмеваат дека сум премногу грд за мојата сексапилна сопруга, но не знаат за мојата автоимуна болест“
Видеата на Скот и Дивајн привлекоа многу внимание и во последните 2 години тие добија преку половина милион следбеници на ТикТок.
@divinerapsing We are locked in forever 🔐🗝️@Divine&Scott
♬ original sound - 𝓙 𖣂
Многумина претпоставуваат дека Дивајн е со Скот затоа што има пари или за да добие зелена карта за да остане во САД. Но, тие во своите видеа често ги исмеваат хејтерите и не сакаат да дозволат коментарите да влијаат врз нив.
„Пред да ја запознаам Дивајн, животот ми беше прилично здодевен. Мојот живот беше во тотален застој. Но, потоа работите се променија“, вели Скот.
Но, понекогаш ги коментираат и злобните коментари на нивна сметка.
„Ние сме само двајца нормални луѓе. Болно е да се мисли дека сум со Скот само од финансиски причини“, вели Дивајн.
Тие често добиваат и прашања дали имаат секс и дали се вистински пар.
И покрај тоа, тие продолжуваат да објавуваат забавни видеа на ТикТок и Инстаграм, каде што освен луѓе што ги исмеваат, имаат и многу обожаватели.
Погледнете неколку видеа од Скот и Дивајн:
А. Ј. | Црнобело