„Насекаде има тела - во морето, по улиците, под зградите“: Страшни и тажни сцени од поплавите во Либија
- Детали
- среда, 13 септември 2023
Либија се соочува со страшни поплави предизвикани од бурата Даниел. Бројот на загинати најверојатно е поголем од 5.000, додека над 10.000 луѓе се водат за исчезнати. Траорни сцени оттаму...
Бурата Даниел која направи пустош во Грција и делови од Бугарија и Турција се „упати“ кон Либија каде што предизвика уште поголема штета.
Обилните врнежи што ги донесе бурата уништија неколку брани и предизвикаа поплави кои „збришаа“ многу градби.
Според Reuters, има над 2.000 загинати, додека некои либиски медиуми споделуваат дека бројот на жртви можеби достигнува и 5.000.
https://twitter.com/Don_Viral_ES/status/1701838007555268829
Најголема штета е забележана во градот Дерна, каде што живеат околу 125.000 луѓе.
Дури четвртина од градот е уништен, а според репортерите кои се на терен, во водата по улиците се гледаат и мртви тела.
Многу тела имало и пред болниците, додека луѓето пробувале да ги идентификуваат загинатите со цел да откријат дали се дел од нивните семејства.
„Тела има насекаде – во морето, по улиците, под зградите. Не претерувам кога велам дека 25% од градот се исчезнати. Многу, многу згради се срушија“, вели либиски министер за Reuters.
For a second you will think this street have been bombed, but actually this what the storm #Daniel caused to the city of Darna
— Ahmed Mussa (@AhmedMussa218) September 12, 2023
Just watch the disaster closely#pray4libya
#saveLibya#LibyaFloods pic.twitter.com/GwQv2g8oip
И други градови се погодени од бурата, а покрај жртвите, над 10.000 луѓе се водат за исчезнати.
Во земјата пристигнаа спасувачки екипи и од други држави, вклучувајќи ја и Турција.
Страшни и тажи сцени од поплавите споделени на Твитер:
Heartbreaking to see the havoc caused by flash floods in Libya. Its yet another stark reminder of the urgent need for global action on climate resilience and preparedness.
— مزمل حسین (@Muxammilhusain) September 12, 2023
#LibyaFloods #ClimateAction #Libya #Libye #LibyaFlood pic.twitter.com/dmu8Gs87iV
Libya: Thousands killed and at least 10,000 were missing in floods caused by a huge Mediterranean storm that burst dams, swept away buildings and wiped out as much as a quarter of the eastern coastal city of Derna.#Libya #LibyaFloods pic.twitter.com/8JuCZ7Hafw
— News Bulletin (@newsbulletin05) September 13, 2023
Prayers for #libya🤲🤲#LibyaFloods 🇱🇾🇱🇾🇱🇾 pic.twitter.com/wvqN7k9IeC
— gazali ather🇵🇸 (@AtherGazali) September 12, 2023
https://twitter.com/prateekve_/status/1701835989310918838