„Обожавам да перам и чистам - тоа ме прави среќна и не ми е грижа што мислат феминистките“
- Детали
- вторник, 12 септември 2023
„Наречете ме старомодна, слободно нека ме осудат феминистките, но јас обожавам да перам. Ме релаксира, перењето е моја терапија. Знам дека е 2023-та година и ваквите работи жените не треба да ги кажуваат јавно...“
Наташа Полишчук е новинарка во Daily Mail, мајка и сопруга, која вели дека најголемо задоволство во животот ѝ е перењето и чистењето во домот.
Таа за ова говори јавно, иако вели дека е свесна дека многу жени во 2023-та година ќе ја осудат за овој став.
Нејзината исповед гласи:
„Наречете ме старомодна, слободно нека ме осудат феминистките, но јас обожавам да перам. Ме релаксира кога ќе ја испразнам корпата со облека и ќе пуштам неколку машини.
Има некакво уникатно задоволство и во тоа и во чистењето на домот за мене.
Уште позабавно ми е што неодамна купивме и нова машина за облека, која музички го означува крајот на перењето, па воодушевена сум.
Знам дека е 2023-та година и ваквите работи жените не треба да ги кажуваат јавно.
Ние треба да добиваме доза на задоволство од нашите кариери, а не од извршување на домаќинските работи како жените во 50-тите, но што да правам, посилно е од мене.
Како новинар и вработена мајка, уште еднаш ќе признаам – перењето е моја терапија.
Враќањето на редот среде хаосот е нешто што ме исполнува и на најлошите денови. Тој повторувачки ритам за мене е речиси медитативен, му дозволува на мојот ум да лута и ми е бегство од нервозите во секојдневието.
Мислам дека сум од оние жени кои неделно пуштаат најмалку 6 пати машина. Еднаш неделно машина? За мене тоа е казна!
Ние во животот можеме да контролираме толку малку, а перењето е една од нив. Плус, кој не пронаоѓа задоволство во чисти, мирисливи чаршафи?“
С. С. | Црнобело