Листа на најбезбедните и најопасните држави во светот (Македонија е речиси на истата позиција како лани)
- Детали
- среда, 06 септември 2023
Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, додека Македонија е на 38-мо место. Лани бевме на подобра позиција, односно на 37-мо место. Но, која е најопасната држава на светот?
Невладината организација Vision of Humanity и оваа година изработи извештај во кој ги рангираше државите според безбедноста.
Извештајот е познат како Global Peace Index, а за рангирањето на државите се земаат предвид фактори како убиства, насилство, тероризам, политичка нестабилност, насилни демонстрации, увоз на оружје и слично.
Државите се рангираат од најбезбедна до најопасна.
Во ланскиот извештај, Македонија најпрво се наоѓаше на 36-то место. Но, подоцна беа направени измени во извештајот, по што се најде на 37-мо место.
Годинава е една позиција подолу, односно на 38-мо место.
Од околните земји, побезбедна е само Бугарија (30-то место). Полошо рангирани се Албанија (40-то место), Грција (60-то место) и Србија (65-то место).
Како лани, и годинава Исланд е на врвот како најбезбедна држава за живеење.
И Авганистан си ја нема променето позицијата и важи за најопасна држава во светот.
Според извештајот, 84 држави забележале подобрување, но во дури 79 ситуацијата се влошила и сега се рангирани пониско.
Целиот извештај можете да го погледнете ТУКА.
10-те најбезбедни држави во светот, почнувајќи од најбезбедната:
- Исланд
- Данска
- Ирска
- Нов Зеланд
- Австрија
- Сингапур
- Португалија
- Словенија
- Јапонија
- Швајцарија
10-те најопасни држави во светот, почнувајќи од најопасната:
- Авганистан
- Јемен
- Сирија
- Јужен Судан
- Демократска Република Конго
- Русија
- Украина
- Сомалија
- Судан
- Ирак
Спирова С. | Црнобело
фото: depositphotos.com; Vision of Humanity