Жена му упадна на пар среде запросување на плажа - им го уништи моментот (видео)
- Детали
- среда, 30 август 2023
„Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште го немаш ставено?“ вели жена, која му упаднала на пар среде запросување во смешно, но и иритирачко видео споделено на ТикТок.
Зеника Ланза од Филипините и нејзиниот дечко биле на одмор, кога тој решил да ја запроси.
Дечкото приредил навистина романтично запросување – на плажа поставил шатор, а пред шаторот масичка и перници за седење. На масичката ставил торта со прашањето „Ќе се омажиш ли за мене?“
Пред шаторот поставил и знак со истото прашање. Но, романтичниот миг бил уништен од несовесна жена.
Целиот миг е овековечен на смешно, но и иритирачко видео кое Зеника го споделила на ТикТок.
„Ве молам бидете внимателни со важните моменти на луѓето. Никогаш не знаете што уништувате!“, пишува во описот.
Во видеото се гледа како Зеника и дечко ѝ му се доближуваат на шаторот.
„Видов шатор додека одевме по плажата. Прочитав нешто на тортата. Повторно ја проверив пораката“, открива Зеника во видеото.
Во тој миг, дечко ѝ го извадил прстенот, но Зеника забележала како жена оди кон нив.
Знакот што го наместил дечко ѝ паднал, па жената почнува да го мести, додека саканиот ѝ држи говор за кој Зеника вели дека го вежбал со недели.
Во еден миг, парот почнува да се бакнува со надеж дека на жената ќе ѝ стане непријатно. Но, таа останува таму.
Штом го мести знакот, жената не си заминува, туку му се доближува на парот и му зборува:
„Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште го немаш ставено?“
Откако дечкото ѝ го ставил прстенот, жената продолжува да им зборува:
„Па, ќерка ми е следна. Ја видовте? Онаму е“.
На крај, Зеника открива дека нивните пријатели кои снимале ѝ дале знак на жената да се тргне.
„Конечно имавме 10 секунди од запросувањето“, вели Зеника.
@warngwarng Please be mindful of other people's once in a lifetime event! You never know you're already ruining it 🥹 But i won't have this any other way! I'll redo this all over again 🫶🏼💞
♬ original sound - Zenicca Llanza
Во коментари, многумина истакнуваат дека видеото е смешно, но и дека постапката на жената дефинитивно ги иритира:
„Со секоја секунда станува полошо!“
„Може да ѝ се прости за првите неколку секунди бидејќи имала добра намера. Но, понатаму веќе е лошо однесување и никаква свест за другите“.
„Поради ова не би сакала да бидам запросена во јавност. Луѓето не се свесни за другите околу нив“.
„Не ми се верува дека им поставуваше прашања среде запросувањето“.
Спирова С. | Црнобело