Бизарно: Пар украл сè од хотелска соба – го зеле дури и далечинскиот управувач за телевизорот (видео)
- Детали
- петок, 25 август 2023
Британските медиуми масовно споделуваат видео од пар кој откако преноќил во хотелска соба, собрал сè што може да носи во торби и кеси. Тие украле крпи, фен, бокал за вода, па дури и далечински управувач, а единствено ги оставиле шампоните.
Британската полиција трага по маж и жена за најбизарната кражба – тие се пријавиле во хотел, а од собата собрале сè што можеле да понесат во кеси и торби. Но, ги оставиле шампоните и сапуните.
Сопственичката на хотелот Dolphin во Велс вели дека кога пристигнале во хотелот, гостите биле мошне пријателски настроени.
Парот украл две крпи за туширање, пешкири за лице, фен за коса, две столни ламби, бокал за вриење вода, кутија за чај, како и додаток за штекер со USB приклучоци.
Уште побизарно е што го украле и далечинскиот управувач за телевизорот.
Предметите што ги украле се во вредност од 200 фунти, односно околу 230 евра.
Парот ја закажал собата преку веб-сајтот Booking.
Една од собите во хотелот
Тие се снимени и на безбедносната камера во хотелот.
„Не ми се верува колку беа дрски – изгледа како мажот да се насмевнува на безбедносната камера во ходникот. Беа многу пријателски настроени кога пристигнаа, но ми беше малку чудно бидејќи не носеа никаков багаж.
Сметам дека се ужасни личности штом решиле да крадат од луѓе кои напорно работат, како јас и моите вработени во хотелот“, вели сопственичката Натали за британските медиуми.
Сопственичката на хотелот
Парот поминал една ноќ во собата, а следното утро заминале многу рано. Па, додека да влезе хигиеничарката, веќе ги немало.
„Не ми се веруваше – гневна сум што ги украдоа скапите крпи и пешкири што ги купив за сите соби. Кога ја проверивме камерата, видовме дека отишле до автомобилот за да земат торби и кеси за да си спакуваат сè“.
Натали и нејзиниот сопруг го отвориле хотелот во 2019-та. Претходно бил паб кој семејството на Натали го отворило во 1999-та.
Сопственичката со сопругот
Жената вели дека поради пандемијата, нивниот бизнис трпел, а сега имаат една соба помалку бидејќи не е опремена со ништо.
„Со пандемијата, не беше воопшто лесно. Пробуваме да заработиме, па одвратно е кога има гости што го прават ова“, додава таа.
Погледнете го видеото од безбедносните камери:
Спирова С. | Црнобело