Потег за аплауз! Директорот на авиокомпанијата Lufthansa работеше како стјуард за да се стави во чевлите на вработените

Извршниот директор на авиокомпанијата Lufthansa, кој претходно работел како пилот, решил да биде стјуард на еден од летовите. Во инспиративна објава на LinkedIn, тој вели дека искуството било прекрасно, но и дека научил многу за работата на стјуардесите.

inspirativen-izvrshen-direktor-na-aviokompanija-bil-stjuard-na-eden-den-kakvo-iskustvo-nauchiv-mnogu-01.jpg

Џенс Ритер е извршен директор на авиокомпанијата Lufthansa од април 2022 година. Пред да дојде на позицијата, самиот работел како пилот, а потоа имал и други функции во авиокомпанијата.

Неодамна на својот LinkedIn профил тој откри дека одлучил да биде стјуард на еден од летовите на компанијата.

Џенс сподели и неколку фотки од искуството, како и заедничка фотка со екипажот од летот.

inspirativen-izvrshen-direktor-na-aviokompanija-bil-stjuard-na-eden-den-kakvo-iskustvo-nauchiv-mnogu-05.jpg

„Некогаш треба да ги промените перспективите за да добиете нов увид. Оваа недела го придружував екипажот на летот на Lufthansa Airlines кон Ријад и Бахреин како ’дополнителен член на екипажот‘. Какво искуство!

Многу години работам за Lufthansa Group. Но, никогаш сум немал можност да работам како дел од авионскиот екипаж. И, искрено, беше многу интересно, но и исполнето со предизвици!

Бев фасциниран од тоа колку има за организирање, особено ако нешто не оди по план – на пример, оброците на менито не беа оброците кои се наоѓаа во авионот.

inspirativen-izvrshen-direktor-na-aviokompanija-bil-stjuard-na-eden-den-kakvo-iskustvo-nauchiv-mnogu-02.jpg

Беше интересно индивидуално да обрнам внимание на желбите на гостите, да се справам со различната енергија што ја имаат сите.

Порано летав како пилот и мислев дека знам за предизвиците кои доаѓаат со ноќни летови. Но, да бидете присутни и шармантни и да обрнувате внимание – кога биолошкиот часовник само ви вели да спиете – беше нешто сосема различно.

Екипажот беше прекрасен и веднаш ме прифати во тимот. Со нивната поддршка, можев да помогнам во бизнис класата на летот до Ријад.

Назад кон Франкфурт, во текот на ноќта, се погрижив за гостите во економската класа. И искрено, уживав во секој момент!

inspirativen-izvrshen-direktor-na-aviokompanija-bil-stjuard-na-eden-den-kakvo-iskustvo-nauchiv-mnogu-03.jpg

Вчудовиден сум од тоа колку научив во овие неколку часа. Одлучив дека работите во канцеларијата ќе бидат различни откако навистина го почувствував влијанието на одлуките во авионот.

Му благодарам на прекрасниот екипаж, пријатните гости и сите кои ми го овозможија ова искуство“, вели тој во објавата на LinkedIn.

inspirativen-izvrshen-direktor-na-aviokompanija-bil-stjuard-na-eden-den-kakvo-iskustvo-nauchiv-mnogu-04.jpg

Во коментари има поддршка за него, како и коментар од една стјуардеса која работи во авиокомпанијата.

„Го имаме најдобриот извршен директор. Одличен потег и вистинска инспирација“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg