Бизарен ТикТок тренд: Родители кршат јајца од главите на нивните деца + зошто е погрешно и опасно?

„Најлошо е што повеќето од вас го гледате вашето дете како плаче, како реакција на засрамувањето и болката, и му се смеете во лице. Луѓе, ова е булинг“, вели педијатар кој го критикува бизарниот ТикТок тренд во кој родители се снимаат како кршат јајца од главите на нивните деца. Малтретирање, зарем не?

roditeli-krshat-jajca-od-glavite-na-nivnite-deca-javnosta-go-kritikuva-bizarniot-trend-ova-e-maltretiranje-01.jpg

Ако користите ТикТок, можеби сте налетале на чудните видеа во кои родители кршат јајца од главите на нивните деца.

На повеќето видеа е искористен тагот #eggprank (шега со јајце) кој веќе има милиони прегледи.

Во видеата најчесто се гледаат родител и мало дете во кујна. Родителот зема живо јајце и му кажува на детето дека ќе го скрши. Но, наместо да го скрши од сад или маса, го крши од главата на детето и се смеат.

https://www.tiktok.com/@prank_joy/video/7269751723630120225

Очекувано, повеќето дечиња изгледаат засрамено, исплашено, а некои почнуваат и да плачат. Некои дечиња, пак, ги удираат родителите.

Загрижени дека родителите не сфаќаат што е погрешно со видеата, се огласија многу педијатри и терапевти. Една од нив е Аманда Матерс која со ТикТок видео објасни зошто родителите не треба да го следат бизарниот тренд.

„Не знам за вас, но јас сум многу емотивна додека ги гледам сите видеа од овој тренд. Јас сум педијатар терапевт и експерт за детски развој, па од овој тренд ме боли душата.

Децата гледаат и учат од вас како родители. Нивните мали мозоци впиваат сè на таа рана возраст. Ако некогаш се запрашате ’Зошто моето дете удира други луѓе, зошто моето дете ме удира или ме гризнува?‘, треба да внимавате на вашите постапки и зборови.

Вие ги учите дека е прифатливо и смешно да удрат некого по глава со предмет. И не само тоа, туку најлошиот дел е што повеќето од вас го гледате вашето дете како плаче, како реакција на засрамувањето и болката, и му се смеете во лице.

Луѓе, ова е булинг. И децата ќе пораснат мислејќи дека ова е прифатливо однесување“, вели таа во видеото.

@yourpediatricot

I know as parents you never want to harm your child. This post is meant to educate, for wny parwnts who were wanting to try this, or tor parents who already did this rrend and fan go back wnd have a conversation with their child about what happened. ••• Toddlers brains at this age don’t yet fully comprehend jokes like this and although they may laugh… their brain is thinking “WHAT THE HECK?!” ••• Skip this trend parents, it’ll save you in the long run 🤍 #eggcrackchallenge #eggcrackprank #eggcrackreaction #emotionalintelligence #raisingconfidentchildren #raisingkids #donttrythisathome #pediatricot

♬ Gentle and warm background piano(1262846) - Noru

Во коментари, многу луѓе, вклучувајќи и родители, се согласуваат со Аманда.

„Дечињата се радосни што ќе помогнат во кујната и потоа им се случува ова. Им се менува целиот говор на телото“.

„Искрено, се ежам кога ќе видам дека прават шеги на сметка на дечињата“.

https://www.tiktok.com/@glambyjasss/video/7268095664079260971

„Мило ми е што зборуваш за овој ’тренд‘. Како учителка, многу сум разочарана. Се гледа како згаснува довербата од очите на децата“.

„Мене ми е страв да скршам јајце од мојата глава, не па од дете“.

„На почетокот дечињата се толку возбудени, а потоа лицата само им се натажуваат“.

@

♬ -

https://www.tiktok.com/@funny.fuls/video/7268479544825236778

Некои лекари апелираат и за друга опасност – во живите јајца може да има салмонела, па со бизарниот тренд, родителите сами ги изложуваат нивните деца на зараза.

Што мислите вие за трендот?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg