Долг врат, мала глава и огромни гради: Инфлуенсерка од Јужна Кореја претерува во Фотошоп и стана мета на критики
- Детали
- недела, 27 август 2023
Инфлуенсерка од Јужна Кореја предизвикува лавина реакции на Инстаграм со своите фотошопирани фотки на кои не ни личи на човек. Нејзината глава е многу мала, вратот и е нереално долг, исто како и екстремитетите, а има и огромни гради и тесна половина.
Генерално, стандардите за убавина што се промовираат на социјалните мрежи се недостижни за мнозинството жени.
Во Јужна Кореја, пак, овие стандарди се уште построги и девојките одат до крајности обидувајќи се да изгледаат совршено.
Сепак, некои од нив малку и претеруваат како, на пример, инфлуенсерката позната како Shashaeile.
Девојката има над 280.000 следбеници на Инстаграм каде што генерално ја промовира нејзината продавница за облека.
Но, дефинитивно повеќе внимание привлекуваат нејзините фотошопирани фотки на кои има смешни пропорции.
Инфлуенсерката има непропорционално долги раце и нозе, многу мала глава, огромни гради, тесна половина и необично долг врат.
И од самите пропорции на девојката е јасно дека користи многу Фотошоп, а на некои фотки се познава искривениот простор зад неа.
Поради фотките, инфлуенсерката често добива саркастични, па и злобни коментари, поради што извесен период ја имаше исклучено опцијата за коментирање, а и редовно бришеше коментари.
Сепак, на некои објави можат да се видат саркастични коментари:
„Не личи на човек“.
„Навистина е кул како светот се искривува околу тебе“.
„Сирота девојка. Се надевам ќе научиш да си го сакаш природното лице без толку да го менуваш“.
„Личи на вонземјанин со толку многу фотошопирање“.
Опсесијата за совршени тело и лице во Јужна Кореја генерално ја промовираат тамошните поп-ѕвезди.
Според Daily Mail, поради притисокот да изгледаат совршено, речиси 25% од девојките на возраст од 19 до 29 години имаат направено пластична операција.
До неодамна, во земјата се емитуваше и ријалити шоу во кое учесничките правеа пластични операции за да си ги подобрат животите.
Нереалните стандарди за убавина во Јужна Кореја честопати се критикувани, а по бурни реакции од јавноста, ријалити шоуто престана да се емитува.