„Драга моја, оди и биди среќна со него“ - Италијански милионер за време на свршувачката откри дека партнерката го изневерува
- Детали
- вторник, 22 август 2023
„Сакам да ѝ ја дадам слободата на свршеницата да љуби. Да љуби друга личност – виден адвокат. Драга моја, оди на Миконос со твојот адвокат и биди среќна со него“, вели италијански милионер во говор што го одржал на неговата свршувачка, по што ја напуштил забавата. Сега свршеницата планира да го тужи за нарушување на угледот.
Масимо Сегре (64) е богат италијански банкар кој неодамна направи раскошна забава по повод свршувачката со неговата избраничка – 47-годишната Кристина Сејманди.
На прославата присуствувале околу 150 гости, а говорот што го одржал беше споделен на италијанските медиуми.
Кога Масимо се качил на подиумот да одржи говор, на големо изненадување на гостите, открил дека Кристина го изневерува, по што си заминал.
„Сакам да ѝ ја дадам на Кристина слободата да љуби. Поточно, да љуби друга личност – виден адвокат за кого очигледно се грижи повеќе отколку за мене“, вели Масимо во говорот додека Кристина стои до него.
„Моја драга Кристина, знам колку си вљубена во него ментално и сексуално… И знам дека пред него имаше врска со (друг) познаник“.
Додека Кристина избезумено гледа наоколу, Масимо продолжува со говорот и истакнува дека не сакал да изгледа лошо пред гостите, но морал да објасни зошто вечерта ќе ја напушти Кристина.
„Многу сум разочаран, со скршено срце“, вели Масимо и додава дека пробал да ја спаси нивната врска која изминатиов период само се влошувала.
„Моја драга Кристина, оди на Миконос со твојот адвокат, биди среќна со него, знаеш дека патувањето е платено. Исто како што тој го плати патувањето за Виетнам со твојата ќерка – прекрасна млада дама за која ми е жал што се вплетка во оваа ситуација.
Ако сакаш, кога ќе се вратиш, може да размислиме како да продолжиме со професионална соработка, но нашата приказна завршува денес. Ти посакувам среќа со новиот партнер…“
На крај, Масимо им се извинува на гостите, го остава микрофонот и го напушта подиумот.
Откако видеото станало вирално во Италија, италијанскиот медиум Il Corriere della Sera стапил во контакт со Кристина.
„Кога почна да зборува, мислев дека се шегува. Потоа бев без зборови. Ова е одвратно насилство“, изјавила таа за медиумот.
Наводно, Кристина почнала да добива и смртни закани на социјалните мрежи, па сега планирала да го тужи за уништување на нејзината репутација.
За италијанските медиуми, се огласил и адвокатот на жената, според кој Масимо самиот го испратил видеото до италијанските медиуми за да ја посрамоти Кристина.
Сепак, Daily Mail пренесува дека тој ги негира овие обвинувања - тој не ни знаел дека некој го снима говорот. Притоа, ја обвинил Кристина дека украла 700 евра од нивната заедничка банкарска сметка.
Дел од гостите на прославата, пак, биле гневни на Масимо и се чувствувале искористено.
Видеото што го споделија италијанските медиуми:
https://www.youtube.com/watch?v=vDDGHdU1Hss
Спирова С. | Црнобело