Се родил како бебенце со брчки и вишок кожа – Чудниот случај на Том Тенет (30) кој до денес ги буни лекарите
- Детали
- вторник, 22 август 2023
Том Тенет од Австралија се родил со многу брчки и вишок кожа, но воопшто не му требала операција за да му ја отстранат – како што растел, „го исполнил“ вишокот и брчките му се измазниле.
Случајот на Том Тенет (30) од Австралија до денес ги буни лекарите – поради некоја причина, тој бил роден со вишок кожа.
Како што растел, само „го исполнил“ вишокот кожа и денес нема никакви проблеми со здравјето.
Неговата приказна стана хит во Австралија во 2003 година, откако Том и родителите се појавија во емисијата 60 Minutes Australia.
Том е роден во 1993 година во југоисточна Австралија.
Пред да се роди, ултразвук снимките покажувале нешто необично, но лекарите не можеле да утврдат за што точно станува збор.
Исплашени дека нивото дете ќе се роди со сериозна болест, родителите на Том дури и размислувале дали да го зачуваат.
„Разговаравме со сопругата за ова и одлучивме дека како требало, така ќе биде и го зачувавме“, изјави татко му Џеф.
Кога Том конечно се родил, мајка му Деби и татко му Џеф не можеле да се начудат – нивното детенце било целото збрчкано бидејќи се родило со многу вишок кожа.
„Мислам дека срцето ми се качи во грлото, но истовремено бев пресреќна што имав можност да го држам во раце, да го прегрнам“, изјави Деби.
Бидејќи лекарите навистина не знаеле каков здравствен проблем има Том, не знаеле ни како да го лекуваат.
Единствено им кажале на родителите да се надеваат дека како што ќе порасне, вишокот кожа ќе се пополни.
По раѓањето Том поминал два месеца во болница каде што лекарите се обидувале да утврдат која е причината за вишокот кожа.