Убивала новороденчиња додека била на смена, никој не знае зошто – Сите детали за злобната медицинска сестра од Англија

Минатата недела заврши 10-месечното судење на Луси Летби – медицинска сестра од Англија која убила седум новороденчиња за кои требало да се грижи, а им наштетила на десет. Таа е прогласена за виновна, но уште на никој не му е јасно кој е мотивот за нејзините убиства, најмногу бидејќи за блиските, но и колегите, изгледала како навистина добра личност без никакви психички проблеми.

ubivala-novorodenchinja-dodeka-bila-na-smena-nikoj-ne-znae-zoshto-site-detali-za-zlobnata-medicinska-sestra-od-anglija-01.jpg

Неколку дена откако светот дозна за неа и нејзините злосторства, Луси Летби веќе се смета за еден од најозлогласените сериски убијци од помодерно време.

33-годишната медицинска сестра од Англија е одговорна за смртта на неколку бебиња во периодот 2015-2016 година.

Се претпоставува и дека Луси им има наштетено на многу повеќе бебиња обидувајќи се да ги убие.

Уште поморничаво е што Луси изгледала како многу добра и повлечена девојка.

ubivala-novorodenchinja-dodeka-bila-na-smena-nikoj-ne-znae-zoshto-site-detali-za-zlobnata-medicinska-sestra-od-anglija-02.jpg

Која е Луси Летби и како го доби епитетот најозлогласениот сериски убиец од Англија?

33-годишната Луси потекнува од англискиот град Честер кој се наоѓа во близина на Ливерпул.

Во 2011 година почнала да работи во локална болница како медицинска сестра.

Околу почетокот на 2015 година, смртните случаи на новороденчиња во болницата биле побројни за разлика од другите болници, а забележале значителен пораст во периодот кога Луси работела таму.

ubivala-novorodenchinja-dodeka-bila-na-smena-nikoj-ne-znae-zoshto-site-detali-za-zlobnata-medicinska-sestra-od-anglija-03.jpg

Според People, помеѓу 2015 и 2016 година Луси убила седум бебиња, а пробала да убие уште десет.

Таа ги извршувала убиствата на различни начини – им давала премногу млеко на бебиња, им инјектирала инсулин и воздух и, генерално, намерно ја запоставувала нивната нега.

Наводно, Луси ги напаѓала бебињата на овој начин и по неколкупати, пред да успее во својата злобна намера.

За време на судењето на злобната медицинска сестра сведочеше еден од лекарите од болницата.

ubivala-novorodenchinja-dodeka-bila-na-smena-nikoj-ne-znae-zoshto-site-detali-za-zlobnata-medicinska-sestra-od-anglija-07.jpg

Тој вели дека почнал да се сомнева за смртните случаи кои се случувале само во смената на Луси, но наводно колегите го игнорирале. На сите Луси им изгледала како многу добра девојка која сигурно не би им наштетила на другите.

Имено, тој дури и ја видел Луси на дело – медицинската сестра стоела до бебе кое дишело со помош на цевка. Цевката не била правилно наместена и нивото на кислород на бебето драстично опаѓало, додека Луси само го гледала.

Лекарот веднаш интервенирал, но бебето сепак починало три дена подоцна.

ubivala-novorodenchinja-dodeka-bila-na-smena-nikoj-ne-znae-zoshto-site-detali-za-zlobnata-medicinska-sestra-od-anglija-06.jpg

Дури во мај 2017 година, надлежните во болницата започнале истрага за смртните случаи.

Неколку експерти разгледале бројни медицински досиеја од болницата и сите дошле до истиот заклучок – смртните случаи не се од природни фактори, како вирус или бактерија во болницата, и дефинитивно некој стои зад нив.

Потоа експертите почнале да ги анализираат смените на вработените и заклучиле дека пред смртта на бебињата, Луси била на смена, а неретко била и сама со нив.

ubivala-novorodenchinja-dodeka-bila-na-smena-nikoj-ne-znae-zoshto-site-detali-za-zlobnata-medicinska-sestra-od-anglija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg