Убивала новороденчиња додека била на смена, никој не знае зошто – Сите детали за злобната медицинска сестра од Англија
Додека траела истрагата, Луси била уапсена дури трипати.
По апсењата во 2018 и 2019 година, Луси била ослободена. Третпат била уапсена во ноември 2020-та и оттогаш е во притвор.
По првото апсење, во домот на Луси биле најдени бројни докази, вклучувајќи и лист хартија на кој имала напишано:
„Не заслужувам да живеам. Ги убив намерно бидејќи не сум доволно добра да се грижам за нив. Јас сум злобна, јас го направив ова“.
Во нејзиниот дом биле најдени и други листови со слични пораки, но и доверливи медицински документи.
Повеќето од документите имале поврзаност со бебињата што ги убила и повредила.
Сепак, Луси тврдела дека документите случајно завршиле во нејзиниот дом и не ги зела намерно од болницата.
Истрагата покажала и дека Луси ги пребарувала родителите на бебињата на Фејсбук, некогаш на празници како Божиќ, а некогаш и на годишнината од нивната смрт.
Поради пандемијата, истрагата се одвивала побавно, па биле потребни неколку години за да се соберат доволно докази против Луси, пред третпат да биде уапсена во 2020-та.
Судењето за убиствата започна во октомври 2022-ра, а заврши дури во август годинава, по што Луси беше прогласена за виновна.
На судењето сведочеле поранешни колеги од болницата, но и родители на бебињата кои биле убиени.
На судењето, Луси тврдела дека колегите се здружиле против неа, само за да ги прикријат лошите услови во болницата кои биле причина за смртта на бебињата.
И покрај тоа што сега се знае дека Луси е виновникот, никој не знае зошто воопшто ги извршила грозоморните убиства.
„Прашањата што го немаме одговорено е – зошто? Само Луси Летби може да даде одговор. Мене, како полицаец, ми е тешко да го прифатам тоа.
На семејства сигурно им е уште потешко да прифатат дека можеби никогаш нема да знаат зошто се случи сето ова“, вели еден од полицајците кој работел на случајот.
Денес (21.08) на Луси ѝ беше изречена доживотна казна затвор. Според The Guardian, таа е четвртата жена во Англија која ја добила оваа казна.
Во меѓувреме, детективите продолжуваат со истрагата за да откријат дали бројот на жртви на Луси е поголем.
Спирова С. | Црнобело