Бизарна опсесија: Близначки потрошиле над 160.000 евра на пластични операции за да личат на Барби (фото)
- Детали
- вторник, 15 август 2023
Близначки од Англија потрошиле над 160.000 евра за пластични операции и козметички процедури само за да личат на Барби. Досега тие имаат направено операција на носот, зголемување на градите, па дури и операција на половите органи, но велат дека планираат уште промени во изгледот. Бизарно, зарем не?
Периодов се чини сите сме опседнати со Барби, но некои луѓе дефинитивно се истакнуваат со нивната (бизарна) опсесија со популарната кукла.
Близначките Доли и Дејзи Симпсон ја обожавале куклата долго пред премиерата на филмот. Всушност, тие се толку опседнати со неа, што досега имаат потрошено над 160.000 евра на пластични операции.
Целта на 26-годишните близначки од Англија е да личат на Барби и досега драстично си го промениле изгледот.
Девојките почнале да користат филери на 18 години, а првата пластична операција ја направиле во 2020-та.
Оттогаш тие имаат направено бројни операции вклучувајќи ринопластика, зголемување на градите, пластична операција на половите органи и лифтинг на задникот.
Истовремено, редовно користат филери во усните, вилицата, образите и брадата, а имаат ставено и порцелански заби.
Близначките велат дека биле опседнати со Барби куклата уште во детството, а почнале да прават операции бидејќи биле несигурни во врска со нивниот изглед.
„Пред да почнеме да правиме операции, бевме несигурни за нашиот изглед. Отсекогаш ни се допаѓаше изгледот на русокосите девојки со убав тен и големи гради кои изгледаат како кукли. Па, оттогаш сакаме да изгледаме како нив.
Но, очигледно, кога бевме многу мали не бевме сигурни како ќе го постигнеме тоа бидејќи не бевме свесни дека постојат операции. Откако бевме доволно возрасни за операции, едвај чекавме да го почнеме процесот“, открива Доли.
Доли била првата која направила пластична операција, и тоа за менување на изгледот на половите органи. Веднаш потоа истата операција ја направила и сестра ѝ Дејзи.
„Потоа истата година направивме операција на градите. Следната година двете направивме операција на носовите. Побаравме да ни бидат идентични.
Оттогаш редовно правиме и козметички процедури кои ни помагаат да изгледаме како кукли“, додава Доли.
Близначките не планираат да запрат овде.
„Дефинитивно размислувам за импланти во задникот. И двете сакаме поголеми гради и уште една операција на носот. Среќни сме со она што го постигнавме, но уште не сме завршиле.
Пред да почнеме со операциите, изгледавме просечно. Не се чувствуваме женствено. Многу повеќе сакаме да изгледаме како Барби кукла“, вели Доли.
Спирова С. | Црнобело