Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија
- Детали
- среда, 09 август 2023
„Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопруга и да има 3 деца. Знаев дека мора да ѝ ја исполнам желбата кога докторите кажаа дека нема надеж и дека ѝ остануваат уште само неколку дена“, вели мајката на 10-годишната Ема, која се омажи со својата детска љубов неколку дена пред да почине. „Ди Џеј, тој е најмилото момче што постои. Има златно срце и навистина ја сакаше Ема“, вели мајката.
Ема Едвардс (10) од мала сонувала да се омажи. Таа и нејзиниот „дечко“, Даниел Маршал (Ди Џеј) Вилијамс пробале да направат „свадба“ на училиште кога имале 8 години, но учителката им кажала дека не може да се венчаат таму.
Сепак, Ема ја доби својата венчавка од соништата и на 29 јуни 2023 се омажи за Ди Џеј - само 12 дена пред да почине од леукемија.
На Ема во април 2022 ѝ беше дијагностицирана болеста која не успеа да ја победи.
Пред да почине, таа имала само една желба - да се „омажи“ со својата детска љубов, вo кого била вљубена 2 години.
Алина и Арон, родителите на Ема, заедно со родителите на Ди Џеј се договориле да ѝ ја исполнат желбата откако лекарите им кажале дека болеста напреднала, брзо се шири и дошла во агресивна фаза и дека Ема има уште само неколку дена живот.
Семејствата на децата и нивните пријатели во само 2 дена организирале сè и поканиле околу 100 гости. Церемонијата се одржала во дворот на куќата на бабата на Ема.
Таткото Арон ја одвел ќерка си до олтарот, а учителката на Ема и Ди Џеј, која две години претходно им кажала дека не може да се венчаат, сега одржала говор и раскажала за тоа колку децата се сакаат.
„Имаа старосватица и кум, децата носеа вратоврски, беше многу симпатично, но им кажав дека не може да се венчаат“, рекла учителката во говорот.