Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија

„Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопруга и да има 3 деца. Знаев дека мора да ѝ ја исполнам желбата кога докторите кажаа дека нема надеж и дека ѝ остануваат уште само неколку дена“, вели мајката на 10-годишната Ема, која се омажи со својата детска љубов неколку дена пред да почине. „Ди Џеј, тој е најмилото момче што постои. Има златно срце и навистина ја сакаше Ема“, вели мајката.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-01.jpg

Ема Едвардс (10) од мала сонувала да се омажи. Таа и нејзиниот „дечко“, Даниел Маршал (Ди Џеј) Вилијамс пробале да направат „свадба“ на училиште кога имале 8 години, но учителката им кажала дека не може да се венчаат таму.

Сепак, Ема ја доби својата венчавка од соништата и на 29 јуни 2023 се омажи за Ди Џеј - само 12 дена пред да почине од леукемија.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-08.jpg

На Ема во април 2022 ѝ беше дијагностицирана болеста која не успеа да ја победи.

Пред да почине, таа имала само една желба - да се „омажи“ со својата детска љубов, вo кого била вљубена 2 години.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-02.jpg

Алина и Арон, родителите на Ема, заедно со родителите на Ди Џеј се договориле да ѝ ја исполнат желбата откако лекарите им кажале дека болеста напреднала, брзо се шири и дошла во агресивна фаза и дека Ема има уште само неколку дена живот.

Семејствата на децата и нивните пријатели во само 2 дена организирале сè и поканиле околу 100 гости. Церемонијата се одржала во дворот на куќата на бабата на Ема.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-06.jpg

Таткото Арон ја одвел ќерка си до олтарот, а учителката на Ема и Ди Џеј, која две години претходно им кажала дека не може да се венчаат, сега одржала говор и раскажала за тоа колку децата се сакаат.

„Имаа старосватица и кум, децата носеа вратоврски, беше многу симпатично, но им кажав дека не може да се венчаат“, рекла учителката во говорот.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg