Видео полно емоции: Девојка направи тетоважа специјално за татко ѝ, кој боледува од Алцхајмер
- Детали
- вторник, 08 август 2023
„Пред 4 месеци седев на час и ја дизајнирав оваа тетоважа за татко ми со надеж дека еден ден и мајка ми ќе направи иста. Тој е роден во 1952 година и тоа е нешто на што отсекогаш се чувствував горда додека растев, мислев дека е кул што имам 'постари родители',“ вели Изи, чиј татко неодамна дознал дека боледува од Алцхајмерова болест.
Тинејџерката Изи Прент сама дизајнираше тетоважа која сака вечно да ја потсетува на нејзиниот татко, кој боледува од Алцхајмерова болест. Таа објави видео на кое се гледа емотивниот момент кога ја открива тетоважата пред татка си и му го објаснува нејзиното значење.
„Те сакам толку многу Изи“, вели нејзиниот татко ѝ ја гушка, трогнат од нејзиниот гест.
На својата објава на Инстаграм, Изи ја раскажа приказната како дошла на идеја да ја стави тетоважата на својата рака.
„Имав 17 години кога на татко ми официјално му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест. Беше многу болно и нереално да се прифати. Тоа не е нешто за што некој сака да зборува јавно.
Пред 4 месеци седев на час и ја дизајнирав оваа тетоважа за татко ми со надеж дека еден ден и мајка ми ќе направи иста.
Двата брана нè симболизираат мене и татко ми и како тој ме научи да пловам. Пораснав на брод, уште од бебе ме носеше да пловам.
https://www.instagram.com/p/CvQ4A7ktThD/
Татко ми е роден во 1952 година и тоа е нешто на што отсекогаш се чувствував горда додека растев, мислев дека е „кул“ што имам „постари родители“.
Се надевам дека кога татко ми ќе ја погледне мојата тетоважа секогаш ќе се сеќава на овој мој посебен спомен“, напиша Изи.
Нејзината објава има преку 10.000 лајкови, а девојката доби многу пофалби за својот гест.
„Ме расплака. Татко ми почина неодамна и имаше иста кошула како татко ти, па се сетив на љубовта што ми ја даваше. Уште не можам да престанам да плачам“, е само еден од коментарите на Инстаграм.
„Татко ми почина кога имав 19 години и тој имаше Алцхајмер. Помини го секој слободен миг со него и не престанувај да му се насмевнуваш“, пишуваат пријателите на Изи.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело