Девојче (9) со деменција ги губи сеќавањето и способноста за говор – Родителите сакаат да ѝ исполнат што повеќе желби
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
Кејтлин од Англија има девет години и води битка со деменција. Постепено ќе го изгуби сеќавањето, но и способноста за комуницирање, а лекарите предвидуваат дека нема да живее подолго од 20 години. Поради ова, нејзините родители си поставиле цел да ѝ исполнат што е можно повеќе желби додека е во подобра здравствена состојба.
Деменцијата е болест што повеќето ја поврзуваме со старост. Но, за жал, деменцијата може да се појави и кај многу помлади лица, дури и деца.
Кејтлин Паси од Англија има само девет години и води битка со деменција.
Таа ја добила дијагнозата во октомври 2021 година, а моментално нејзините родители се на мисија да ѝ ги овозможат „најубавите животни искуства“ пред девојчето да го изгуби сеќавањето.
Деменцијата е болест за која нема лек и има влијание врз нервниот систем. Како што болеста напредува, се губи сеќавањето, па и способноста за комуницирање.
Родителите на Кејтлин – Ник и Наоми – веднаш по дијагнозата направиле листа со работи што ќерка им мора да ги види пред да го изгуби сеќавањето.
Со цел да соберат средства за авантурите на Кејтлин, парот започнал и кампања за донации на GoFundMe.
„Знаеме дека ќе го изгубиме нашето мало девојче. Но, сакаме да се осигураме дека ќе го има најубавиот живот пред да се случи тоа“, пишува на страницата.
Една од желбите на Кејтлин бил да го запознае Ед Ширан и родителите успеале да ѝ го овозможат тоа.
Девојчето веќе има проблеми со видот поради болеста, но успеала да го препознае гласот на пејачот.
„Поминавме околу 15 минути со него и тој е најприземјениот дечко. Кејтлин беше без зборови. На почетокот можеше да му ја види само силуетата и потоа му го препозна гласот.
А, кога тој се доближи до неа, можеше и да го види“, открива татко ѝ Ник.
Кејтлин имала можност да запознае и дел од фудбалерите од нејзиниот омилен клуб, а со родителите биле во неколку популарни забавни паркови како Дизнилед и The Wizarding World of Harry Potter.
Како огромен фан на серијалот Хари Потер, Кејтлин сакалa да го запознае актерот Даниел Редклиф.
Кејтлин сонува да ја види Мајорка, но и да ги запознае нејзините омилени јутјубери. Исто така, голема желба ѝ е да оди и во Лапонија.
Болеста на Кејтлин напреднува брзо. Според татко ѝ Ник, веќе има проблеми со говорот, а лекарите им рекле дека најверојатно следната година ќе почне да има епилептични напади.
Истовремено, лекарите им рекле да се подготват на најлошото – Кејтлин можно е да не живее подолго од 20 години.
„Со нејзината состојба може да има многу променливо расположение и сега забележуваме дека има проблеми со говорот – не може да каже нешто, пелтечи или зборувам многу брзо“.
Моментално родители на Кејтлин го реновираат нивниот дом за да го овозможат за живот за Кејтлин кога болеста ќе напредне.
За реновирањето добиле голема донација од локална компанија.
Истовремено, добивале и многу помош од соседите кои понекогаш помагале во самото реновирање.
Спирова С. | Црнобело