Вдовец не можел да ја преболи смртта на сопругата и направил голема мермерна скулптура која личи на неа
- Детали
- среда, 12 јули 2023
Вдовец од Индија, чија сопруга починала пред четири години, не можел да ја преболи нејзината смрт, па решил да направи мермерна скулптура која личи на неа. Со ова сакал да ѝ оддаде почит, но и да му ја покаже на светот љубовта што ја чувствувал кон неа.
Виџај Кумар од Индија е вдовец, кој ја изгубил сопругата пред околу четири години. Не можејќи да се справи со нејзината смрт, тој решил да направи мермерна скулптура која изгледа исто како неа.
Сопругата на 70-годишниот вдовец, која се викала Вина, починала од рак, а нему му било особено тешко да ја преболи загубата.
Тој се чувствувал толку изгубено по нејзината смрт, што напишал и пет книги за нивниот заеднички живот.
Виџај и Вина биле во брак 39 години, а таа се разболела среде ковид пандемијата. Додека Виџај морал да се изолира, Вина била во болница каде што починала сама во нејзината соба.
Виџај вели дека со скулптурата сака да ѝ оддаде почит на саканата, тој полесно да се справи со загубата, но и да му ја покаже на светот љубовта што ја чувствувал кон неа.
За изработката на скулптурата биле потребни шест седмици. Бидејќи тежи 1.001 килограм, бил потребен кран за да биде транспортирана од студиото на скулпторот што ја направил.
Скулптурата, која за Виџај е потсетник за убавите денови со саканата, се наоѓа во неговиот дом, а над неа има закачено фотографии од Вина.
Спирова С. | Црнобело