Сиромашен пар посвои бебе од сиропиталиште - тој стана милионер, им изгради куќа од соништата и со нив го пропатува светот
Почнал да работи во Coca-Cola и станал директор на продажба во компанијата.
Среќата на Џејви почнала да се менува и тој станал толку многу успешен, што почнал да заработува милиони.
Тогаш почна да им се оддолжува на родителите за љубовта и посветеноста што му ја покажале додека растел.
За нив во 2021 година тој изгради куќа на два ката со 7 спални соби, опремена со сè што може да се замисли. Вистински дом од соништата.
Џејви почна да ги води и на патувања за заедно да го видат светот.
Тој на својот Инстаграм постојано објавува фотки од патувањата и времето поминато со семејството.
Сепак, семејната идила ја наруши смртта на татко му Максимо, кој почина во 2022 година.
Оттогаш Џејви е неразделен од својата мајка Феникс. На неа сака да ѝ го пружи она за што сонувал од дете.
Денес Џејви работи како менаџер во Sun Life Philippines и ужива во секој ден во неговиот нов живот, заедно со мајка си, браќата, сестрите и внуците.
И сето тоа во куќата од соништата што им ја изгради на родителите кои го посвоија.