Сиромашен пар посвои бебе од сиропиталиште - тој стана милионер, им изгради куќа од соништата и со нив го пропатува светот
- Детали
- сабота, 08 јули 2023
Максимо и Феникс од Филипините, иако живееле сиромашен живот, сè што имале делеле со својот посвоен син Џејви. Тој им бил голема љубов од првиот момент кога го посвоиле. Одвојувале од себе, за момчето да може да има што е можно понормално детство.
Џејви Ласаро Бадиле II е роден на Филипините. Биолошките родители го оставиле пред врата на сиропиталиште, а го посвоиле Максимо и Финикс Дагунмапан.
Цел живот Џејви своите посвоени родители ги нарекува Нанај и Татај (мама и тато). Тој уште како мал им ветил дека еден ден ќе им обезбеди поубава куќа и подобар живот, бидејќи живееле во голема беда.
Максимо и Феникс, иако живееле сиромашен живот, сè што имале делеле со својот посвоен син Џејви.
Синот им бил најголема љубов од моментот кога го посвоиле. Одвојувале од себе, за момчето да може да има што е можно понормално детство.
Нивниот живот не бил ни малку лесен. Како многу семејства на Филипините, тие едвај врзувале крај со крај. Но биле среќни и исполнети во секој поглед.
Поради безрезервната љубов што му ја давале, Џејви уште како дете им ветил дека ќе им обезбеди многу подобар живот.
Соседството во кое живеел Џејви со родителите било многу сиромашно, а условите за живот тешки. Понекогаш немале пари ни за храна.
Ова го поттикнало Џејви да посака да создаде подобар живот за себе и за нив.
Додека неговите родители работеле напорно за да му обезбедат пристоен живот, Џејви се фокусирал на своето образование.
Тој почнал да студира бизнис и осмислил план како да успее, па почнал да се води од тоа.