Првиот човек во светот кому му се пресадени лице и раце конечно пронајде љубов
- Детали
- вторник, 04 јули 2023
„Ми се допаѓа тоа што е нежен, љубезен и храбар. И покрај тоа што поминал многу во животот, тој сепак е позитивен и опуштен“ – вели Џесика Коби, медицинска сестра која по долгото допишување одлучила да започне романтична врска со првиот човек кому му се пресадени лице и раце.
Џо ди Мео (24) од Њу Џерси, САД е првиот човек во светот кому успешно му беше извршена трансплантација на лице и раце, во февруари 2020-та година, а сега откри дека конечно нашол љубов.
Во јули 2018-та година, Џо имал страшна сообраќајна несреќа, во која се здобил со изгореници од трет степен на 80 отсто од неговото тело.
Додека се враќал од работа по трета смена, тој заспал на воланот, по што автомобилот се превртел и експлодирал, а младиот Американец преживеал благодарение на тоа што луѓето веднаш го извлекле од автомобилот.
По ова, во следните месеци, тој поминал низ 20-тина пластични операции и пресадувања на кожа.
Во 2020-та година Џо одлучил да оди на операција за пресадување на лице и раце, што воедно бил прв ваков хируршки зафат во светот.
Операцијата траела 23 часа, а речиси сите светски медиуми пишуваа за храбриот чекор на кој се одлучил овој млад Американец.
„80 отсто од моето тело ми беше изгорено. Мораа да ми ги ампутираат прстите и мораа да ми ги зашијат очните капаци затоа што беа изгорени.
Се чувствував како да гледам низ метална ограда.
Веднаш ја прифатив трансплатацијата штом ми беше понудена. Не сакав да живеам така како што живеев претходно“ – рече тој.
Инаку, Џо денес ги носи лицето и рацете на 48-годишен донор кој починал од мозочен удар два дена пред да му биде извршена операцијата.
Неговата девојка, Џесика Коби (32) вели дека откако прочитала за неговата приказна и операциите низ кои поминал, таа била инспирирана од неговиот позитивен поглед кон животот, па одлучила да му пише на Инстаграм.