Првиот човек во светот кому му се пресадени лице и раце конечно пронајде љубов

Џесика работела како медицинска сестра во Калифорнија, но по долгото допишување на социјалните мрежи, таа одлучила да се пресели поблиску до него во Њу Џерси и да ѝ дадат шанса на љубовта.

„Прво нашата врска беше на оддалеченост, а потоа се преселив од Калифорнија за да бидам поблиску до него и пресреќна сум. Тој е мошне тивок на почетокот и не зборува премногу додека не ве запознае и внимателно гледа што се случува околу него.

Има многу знаење и може да разговара со секој човек. Многу ми се допаѓа тоа кај него, затоа што ме привлекуваат луѓе што се едуцирани и знаат добро да се изразуваат.

Ми се допаѓа тоа што е нежен, љубезен и храбар. И покрај тоа што поминал многу во животот, тој сепак е позитивен и опуштен“ – вели таа.

prviot-chovek-komu-mu-se-presadeni-lice-i-race-vljuben-vo-novata-devojka-ja-inspiriral-so-svojata-hrabrost-i-iskrenost-foto-09.jpg

Џо открива дека, сега, речиси 5 години по несреќата и 2 години по трансплантацијата на рацете и лицето се чувствува самоуверено и повторно почнал да вози автомобил, а не му пречи тоа што луѓето гледаат во него кога е излезен.

„Луѓето ме гледаат и тоа не ми пречи. Јас сум висок 185cm и често носам маици со кратки ракави, па луѓето ми ги гледаат изгорените раце.

Не ми пречи што луѓето зјапаат затоа што и јас би зјапал. Можам да се самосожалувам, но не сум таква личност“ – вели тој.

prviot-chovek-komu-mu-se-presadeni-lice-i-race-vljuben-vo-novata-devojka-ja-inspiriral-so-svojata-hrabrost-i-iskrenost-foto-04.jpg

Инаку, по операцијата на Џо му требало долго време да научи да ги користи новите прсти на рацете, а денес веќе може сам да готви, да исчисти, сам да си ја испере облеката, но и да ракува со мобилен телефон.

Што се однесува до љубовните врски, тој вели дека никогаш не се посомневал дека ќе ја најде вистинската љубов затоа што иако се здобил со тешки телесни повреди, тој сѐ уште е истата личност.

prviot-chovek-komu-mu-se-presadeni-lice-i-race-vljuben-vo-novata-devojka-ja-inspiriral-so-svojata-hrabrost-i-iskrenost-foto-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg