Злато, раскош: Како изгледа животот на сопруга на арапски милијардер во Дубаи?
- Детали
- сабота, 22 јули 2023
„Не ми е грижа што зборуваат луѓето, родена сум да бидам богата домаќинка во Дубаи“, вели Британката Суди, која открива дека ужива во улогата на сопруга на милијардер и дека омилена активност на нејзиниот сопруг е да ја разгалува.
Британската инфлуенсерка Суди, која од 6-годишна возраст со семејството живее во Дубаи, го запознала својот арапски принц од соништата на 21 година, а неколку години подоцна стапила во брак со него.
Како изгледа нејзиниот живот покрај сопругот Џамал?
Раскош, злато, патувања и уживање, како и многу критики, на кои таа одговара.
„Не ми е грижа што зборуваат луѓето, родена сум да бидам богата домаќинка во Дубаи“.
Таа вели дека парите на сопругот ги троши за третмани, шопинг, маникир и педикир за да му биде убава.
Ужива во коктели со 24-каратно злато, квалитетна храна, а илјадници евра троши и на филери.
Од сопругот постојано на подарок добива ваучери за патувања, а во една пригода добила дури и пони.
Суди вели дека сопругот постојано ја разгалува, а дури и нарачува и дизајнерски парчиња накит, креирани специјално за неа.
@soudiofarabia Today is not how i thought it would end 🥲 #dubai #fyp #ksa #foryou
♬ In the Mood - Glenn Miller