Криеше кој е татко на нејзиниот вонбрачен син, ја избркаа од „Телевиса“ – Се сеќавате на Марисол, девојката со лузна на лицето?
- Детали
- сабота, 01 јули 2023
Една од најпопуларните латиноамерикански серии во 1990-те години беше „Marisol“, приказната за добродушната девојка со лузна на лицето, во која се заљубува богат сликар. Улогата на Марисол тогаш одлично ја одглуми актерката Ерика Буенфил. Се сеќавате ли на серијата која беше хит и кај нас?
Ерика Буенфил во ноември 2023 ќе полни 60 години, но и понатаму е една од најпопуларните актерки во Мексико.
Се прослави на 33-годишна возраст, со улогата на Марисол во истоимената серија.
Таму глумеше жена со лузна на лицето, а во приватниот живот е противник на естетските корекции. Таа тврди дека никогаш не ставила ни ботокс ни филер за да изгледа помлада од она што е.
Иако беше многу популарна, продуцентската куќа „Televisa“ во 2012 година го прекина договорот со неа.
Таа подоцна во интервју кажа дека оттаму ја избркале токму поради изгледот, бидејќи не сакала да се „подмлади“.
„Јас сум противник на пластичната хирургија. Но, притисокот во светот на теленовелите е огромен кога се во прашање жените и нивниот физички изглед.
За мажите ситуацијата е многу полесна. Колегите на мои години играат љубовници на девојки кои имаат по 20-тина години и тоа е во ред. А на актерките им се префрла дека имаат вишок килограми и дека се ‘премногу зрели’,“ изјави во интервју откако остана без работа.
Сериите што ги снимаше за „Televisa“ ѝ беа најголемиот извор на приход, но откако продуцентската куќа го прекина договорот со неа, таа рече дека ѝ олеснило.
„Конечно се чувствувам слободна по толку многу години во телевизиската машинерија“, рече таа за мексиканските медиуми.