Режисерот на „Титаник“ со часови бил заробен на дното на океанот - Сите инциденти со подморници околу остатоците на „Титаник“
Работењето за време на силните морски струи, направило батеријата на подморницата да се потроши предвреме, заради што останале целосно останале без струја.
Додека биле оддалечени само околу 25 метри од морското дно, тие веднаш одлучиле да го откажат пловењето, но подморницата не можела да се крене. Со секој обид за искачување, завршувале на морското дно.
Камерон раскажува дека седеле околу половина час во целосен мрак и во огромен студ за да ја одморат батеријата и да се обидат повторно, но кога се искачиле на само 25 метри од морското дно, повторно морските струи ги вратиле назад.
Тие не знаеле дека се фатени од силните морски струи што ги влечат надолу, а се предизвикани од остатоците на „Титаник“. Среќната околност била што со секој нов обид за искачување, морската струја ги туркала на морското дно, но малку подалеку од остатоците на потонатиот брод.
Така, за среќа на третиот обид успеале да ја поминат бариерата од 25 метри над морското дно и поминале 5 часа во искачување до површината.
Првиот новинар што го посетил „Титаник“
Мајкл Џулиен има огромен страв од вода, но тоа не го спречило да ги посети остатоците на „Титаник“ во 2000-та година и да стане првиот новинар што некогаш го направил тоа.
Додека поминувале покрај остатоците на „Титаник“ Џулиен забележал дека подморницата почнува да забрзува и биле носени од силните морски струи.
„Само една секунда потоа, удривме во пропелерот на „Титаник“. Почувствував потрес, а парчиња, црвенкаст, зарѓан метал се гледаа на прозорецот од каде го набљудувавме бродот“ – раскажува Џулиен.
Контролорот на подморницата околу 1 час се обидувал да се ослободи за на крај да успеат и да испливаат на површината.
Како во машина за миење садови
Меѓу починатите на „Титан“ е и францускиот нуркач Пол Анри Наржоле кој 37 пати се спуштил до морското дно за да го види „Титаник“.
„Од моето 11-годишно искуство од пловење до Титаник, можам да ви потврдам дека морското дно околу него не е мирно место. Честопати се чувствувате како да сте во машина за миење садови“ – изјави тој во една пригода.
Морските струи, недостатокот на топлина и сончева светлина, рѓосаниот метал на бродот и големиот број кабли околу него се опасни и затоа пловењето до остатоците никогаш не е едноставна и безопасна работа.
Прочитајте и Кои се тројцата милијардери кои требало да бидат дел од последното патување со подморницата „Титан“, но откажале во последен миг?
Б. С. Б. | Црнобело