Детали за случајот со мајката монструм од САД - Ја оставила 16-месечната ќерка сама дома и заминала на одмор

Додека 10 дена бебето било оставено само дома во куќата во Охајо, мајка му патувала во Детроит и Порторико, а кога се вратила дома по 10 дена, девојчето не покажувало знаци на живот. 31-годишна жена од Охајо, САД заврши во затвор затоа што го убила сопственото дете.

detali-za-majkata-monstrum-od-sad-ja-ostavila-16-mesechnata-kjerka-sama-doma-i-zaminala-na-odmor-01.jpg

Кристел Канделарио (31) од Охајо, САД, е уапсена за убиство, откако цели 10 дена ја оставила 16-месечната ќерка Џејлин сама, по што девојчето починало.

Кристел во полиција признала дека во деновите додека девојчето било само во креветчето, таа била на патување во Детроит и Порторико.

Кога се вратила дома по 10 дена, Кристел забележала дека девојчето не покажува знаци на живот.

detali-za-majkata-monstrum-od-sad-ja-ostavila-16-mesechnata-kjerka-sama-doma-i-zaminala-na-odmor-02.jpg

Властите што дошле на местото на настанот велат дека креветчето на нејзината 16-месечна ќерка било полно со мокри ќебиња и пелена што била полна со урина и измет, а девојчето веднаш било прогласено за мртво.

На телото на девојчето не биле најдени траги на насилство, а како причина за смртта се наведува тоа што тоа било оставено само цели 10 дена, додека мајка му патувала.

detali-za-majkata-monstrum-od-sad-ja-ostavila-16-mesechnata-kjerka-sama-doma-i-zaminala-na-odmor-04.jpg

Според изјавите на соседите, Кристел, која работела како хигиеничарка во едно училиште, честопати имала навика да излезе и да го остави бебето сосема само дома, без да побара помош од соседите да го чуваат детето.

„Постојано ѝ велевме да не го остава детето само, но таа секогаш го правеше истото“ – вели една сосетка, во изјава за американските медиуми.

detali-za-majkata-monstrum-od-sad-ja-ostavila-16-mesechnata-kjerka-sama-doma-i-zaminala-na-odmor-03.jpg

Досега немало поднесено никакви поплаки против Кристел, но таа е задржана во затвор и има можност да излезе доколку плати кауција од 1 милион долари.

Инаку, Кристел во куќата живеела заедно со нејзините родители и двете ќерки. Во периодот кога таа заминала на одмор во Порторико, нејзините родители ја земале нејзината поголема ќерка и заминале на одмор, а помалото девојче го оставиле со мајка му.

„Има толку многу луѓе, наоколу, таа можеше да тропне на која било врата и да побара да ја земеме Џејлин“ – велат соседите.

detali-za-majkata-monstrum-od-sad-ja-ostavila-16-mesechnata-kjerka-sama-doma-i-zaminala-na-odmor-05.jpg

Судењето за мајката монструм, чие однесување ја згрози светската јавност е закажано за 28-ми јуни.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg