Тежел 594kg, носел пелени бидејќи не можел да оди – Приказната за најтешкиот човек во светот

Пред да направи операција за стеснување на желудникот, Мексиканецот Хуан тежел дури 594 килограми, а беше прогласен и за најдебелиот човек во светот. Тој бил во толку лоша состојба, што не можел да се движи и носел пелени бидејќи не можел да оди во тоалет. Денес, Хуан тежи помалку од 300 килограми и продолжува да слабее.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-01.jpg

Во 2017 година, Мексиканецот Хуан Педро Франко беше прогласен за најдебелиот човек во светот од страна на Гинис. Тогаш Хуан тежеше околу 594 килограми.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-16.jpg

Неколку месеци пред да го добие признанието, во ноември 2016-та Хуан се најде во бројни светски медиуми бидејќи беше хоспитализиран.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-07.jpg

Тој период се појавија и фотки на кои се гледа како медицинските лица го носат на болнички кревет бидејќи самиот не можел да оди од големата тежина.

Кога пристигнал во болницата, лекарите мислеле дека тежи околу 500 килограми, но кога го измериле, сфатиле дека Хуан е всушснот речиси 600 килограми.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-13.jpg

Хуан имал проблеми со дебелина уште од детството, но состојбата почнала да му се влошува на 17-годишна возраст, по сериозна повреда поради која поминал цела година во болница.

„Моето тело како да си следеше свој пат, а јас немав никаква контрола. Пробував да држам диети, но ништо не функционираше и станав очаен“, открива тој за Гинис.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-06.jpg

Со текот на времето, Хуан почнал да се изолира и на крај станал како затвореник во својот дом бидејќи не можел ни да се движи.

Не можел да стане ни да оди во тоалет, па морал да носи пелени за возрасни. Кога, пак, морал да се помрдне од креветот, биле потребни осум луѓе за да му помогнат да стане.

Но, штом го собори рекордот на 32-годишна возраст, Хуан решил дека е време да преземе драстични мерки ако сака да преживее.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-12.jpg

По хоспитализацијата, Хуан дознал дека има дијабетес тип 2, проблеми со тироидната жлезда и течност во белите дробови.

До мај 2107-та, тој успеал да ослабе 170 килограми, а потоа му била направена операција за стеснување на желудникот.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-04.jpg

По операцијата, Хуан продолжил со слабеењето следејќи строга диета и режим за вежбање. Тој цело време имал помош од медицински тим од 30 професионалци.

До крајот на 2018-та, Хуан достигнал тежина од 304 килограми.

Хуан почнал да се движи сам и драстично го намалил ризикот од смрт бидејќи се ослободил од бројни здравствени проблеми поврзани со дебелината.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-02.jpg

Во 2020 година, Хуан го загубил татко му од инфаркт, а само неколку месеци подоцна, починала и мајка му од корона вирусот.

Хуан и самиот се заразил, но благодарение на драстичното слабеење, успеал да го победи вирусот.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-14.jpg

Хуан продолжува да се храни здраво и да вежба, а се надева и дека ќе продолжи да слабее. Планира да направи и операција за отстранување на вишокот кожа.

tezhel-590-kg-nosel-peleni-bidejkji-ne-mozhel-da-odi-prikaznata-za-najteshkiot-chovek-vo-svetot-10.jpgХуан на мерење во 2021-ва, каде што тежи 264 килограми

39-годишниот Мексиканец вели дека и покрај семејната трагедија, нема да се откаже од борбата за поздрав живот.

„Тоа би го сакала мајка ми, па ќе продолжам да се борам“, вели тој за мексиканска телевизија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg