Била предвреме родена, па останала слепа – Која е индонезиската пејачка која доби златен тастер од Сајмон Кауел? (видео)

Го загубила видот на 3 месеци, за првпат откриле дека има талент за пеење на возраст од 2 години, а на 8 години победила на Indonesia's Got Talent - која е Путри Ариани, слепата индонезиска натпреварувачка на America's Got Talent, која доби златен тастер од суровиот Сајмон Кауел?

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-01.jpg

Строгиот судија на America’s Got Talent, Сајмон Кауел, успеа да ги оствари соништата на уште една млада натпреварувачка.

Овојпат станува збор за Путри Ариани, слепа индонезиска пејачка која успеа да заработи златен тастер од судијата со камено срце.

„Мојот најголем предизвик е тоа што луѓето ме гледаат како слепо лице, а не како музичар. Но, кога пејам се чувствувам како супер ѕвезда“ – рече таа пред настапот.

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-03.jpg

Сепак, хендикепот не ја спречува да има големи соништа, па таа вели дека сака да биде позната пејачка како Витни Хјустон, да добие Греми награда и да студира на Џулијард во Њујорк.

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-10.jpg

Путри се надева дека победата на познатото шоу за таленти ќе ѝ помогне да ги оствари сопствените соништа.

Во продолжение неколку интересни факти за младата Индонезијка:

Путри како бебе имала ретинопатија, предизвикана од тоа што била родена предвреме, а на возраст од 3 месеци целосно го загубила видот.

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-04.jpg

Кога имала 2 години, нејзините родители забележале дека малата Путри може да го имитира секој звук што ќе го слушне, па оттогаш почнале да ја поддржуваат за да го развие и подобри својот талент.

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-05.jpg

Освен што пее прекрасно, Путри свири на пијано и флејта, а била многу мала кога почнала да учи да свири на инструментите.

На возраст од само 8 години таа успеала да победи на шоуто за таленти Indonesia’s Got Talent во 2014-та година, а потоа на уште две локални талент шоуа.

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-06.jpg

Во родната Индонезија, Путри веќе има успешна музичка кариера, но се надева дека учеството во познатото талент шоу ќе ѝ биде отскочна штица за да ги оствари соништата.

bila-predvreme-rodena-pa-ostanala-slepa-koja-e-indoneziskata-pejachka-koja-go-stopi-srceto-na-suroviot-sajmon-kauel-video-08.jpg

Погледнете го настапот на Путри во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg