„Наследив над 60.000 евра и ги потрошив за дизајнерска облека, сега немам пари ни за автобуски билет“
- Детали
- среда, 07 јуни 2023
Млада Британка наследила над 60.000 евра, но за помалку од две години ги потрошила сите пари на дизајнерска облека. Додека таа трошела свои пари, бројни анкети покажуваат дека многу млади се задолжуваат со кредити, само за да купат скапи работи што не можат да си ги дозволат. Зошто се прославува овој проблематичен тренд?
Во ерата на социјалните мрежи, на многумина, особено младите, им е важно како изгледаат во очите на другите.
Сите ги гледаме Инстаграм фотките кои прикажуваат совршен, а неретко и луксузен живот.
Но, колку далеку се спремни да одат луѓето, само за да изгледаат совршено на социјалните мрежи?
Ова можеби најдобро го покажува британски документарец (Untold: Addicted to Drip) кој покажува колку всушснот се задолжуваат младите, само за да „продадат“ некоја лажна слика за себе.
Според истражување во склоп на документарецот, луѓето на возраст од 16 до 34 години сè повеќе трошат пари на дизајнерки парчиња облека. Проблемот е што ги немаат овие пари, па заглавуваат во огромни долгови.
Документарецот се фокусира и на искуството на Саманта – млада Британка која наследила голема сума пари.
Во краток период, Саманта ги изгубила мајка ѝ и баба ѝ, а поради ова наследила помеѓу 60.000 и 120.000 евра (таа не ја открива точната сума).
Но, наместо паметно да ги искористи овие пари, Саманта почнала да купува скапа облека и го потрошила целото наследство за околу 18 месеци.
Саманта
Девојката открива дека најскапото нешто што го купила е Chanel чанта од 5.800 евра. Таа купувала и други дизајнерски парчиња, како чанти и чевли, но и накит.
По неразумното трошење, Саманта вели дека имала скапа колекција во гардероберот, но немала пари да си купи ни билет за јавен превоз.
Кога сфатила дека ги истрошила сите пари, девојката истакнува дека била разочарана од себе.
Во документарецот откриваат дека околу 62% од младите помеѓу 16 и 34 години имале купено барем едно дизајнерско парче облека.
Она што загрижува во целата ситуација е тоа што истражувањата покажале дека 1 од 5 млади лица подига кредит скоро секој месец за да може да си ги овозможи овие работи.
Очекувано, анкетите во склоп на документарецот покажале дека над половина од испитаниците се загрижени за својата финансиска состојба.
„Речиси половина од младите луѓе се задолжени. Околу третина имаат заштеда од околу 100 евра, а 1 во 7 нема никаква заштеда“, откриваат во документарецот.
Во документарецот е спомната и друга девојка која била инфлуенсерка со околу 20.000 следбеници на Инстаграм.
Таа вели дека почнала да се прославува откако почнала да објавува фотки со дизајнерски парчиња. Но, поради ова постојано била под притисок да купува уште.
„Почна да станува токсично за мене. Постојано бев притисок да го одржувам имиџот“.
Ситуацијата кулминирала со 3-месечен престој во психијатриска болница поради стресот.
Но, штом излегла од болницата, девојката се упатила во продавница.
„Купив работи што чинеа и по 2.000 евра. Од тој момент, си реков дека нема да купувам работи што не ми требаат“.
Во документарецот зборува и финансиски советник кој истакнува дека заглавувањето во долгови е многу лесно бидејќи „полесно се трошат парите што не сме ги заработиле“.
Спирова С. | Црнобело