Трауматично искуство на жена од Ирска: „Ми откажа падобранот и преживеав пад од 1.980 метри“

„Физичките повреди заздравеа брзо, но речиси 25 години се борев со депресија и кошмари по несреќата“ – раскажува Џоан Меконвил, една од ретките која успеала да преживее пад од 1.980 метри, при скок со падобран.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-01.jpg

Џоан Меконвил (51) од Ирска денес е мотивациски говорник која во 1995-та година имала блиска средба со смртта, кога скокала со падобран од авион и преживеала пад од 1.980 метри.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-02.jpg

Џоан објави и книга во која раскажува што се случило тоа кобно утро на 1-ви април во 1995-та година, насловена My piece of Sky, а честопати го споделува и своето искуство со светските медиуми со цел да ги поддржи и другите луѓе кои биле на чекор до смртта и преживеале трауматични искуства.

Таа раскажува дека за првпат скокала со падобран во 1993-та година за да собере пари за добротворни цели и станала зависна од адреналинот, па во следните 22 месеци имала вкупно 63 скокови.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-04.jpg

Благодарение на нејзиното ново хоби, Џоан го сретнала и нејзиниот сопруг Џо, кој бил инструктор за скокање со падобран и од 1994-та година почнале романтична врска.

Според неа, најголемата иронија во целата приказна е тоа што воопшто не требало ниту да скока со падобран тој ден.

„Како самохрана мајка која работи како медицинска сестра, скокањето со падобран во тој период ми нудеше толку многу возбуда и адреналин, како ништо друго на светот.

Тоа утро, пред да ми се случи несреќата завршував некои обврски, па се јавив во клубот и Џо ме молеше да дојдам, затоа што им недостасуваше уште еден човек за да се наполни авионот и да можат да тргнат“ – раскажува таа.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-03.jpg

Првите падобранци скокнале на височина од 1.066 метри, втората група скокнала на височина од 1.820 метри, а Џоан и Џо се искачиле на висина од 1.980 метри, па скокнале.

Само 1 минута и 10 секунди подоцна Џоан паднала на земја со брзина од 160km на час.

„Од авионот ги гледав полињата и куќите што се гледаа како мали точки под нас. ‘Се гледаме долу’, му реков на дечко ми, пред да скокнеме.

Како да стоевме во времето и се смеевме. Одеднаш видов дека тој нешто ми покажува, но не го разбирав што сака да ми каже.

Потоа, тој го повлече падобранот и сфатив колку сме блиску до земјата. Брзо го повлеков и мојот падобран, но кога се отвори, во исто време се активира и резервниот падобран и двата се заплеткаа. Земјата стануваше сѐ поблиску, а јажето ми се заплетка околу вратот“ – вели таа.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-07.jpg

Џоан раскажува дека во миговите додека паѓала пред себе ги видела сликите од сопствениот живот – го чувствувала мирисот на нејзините три сина како се туткаат до неа во постелата.

Вистинско чудо било што Џоан успеала да го преживее падот, а веднаш била пренесена во болница со голем број скршеници по целото тело, без заби, со оштетен црн дроб, и голема загуба на крв.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-05.jpg

Таа успеала да закрепне по подолг престој во болница и потоа никогаш повеќе не се обидела да сконе со падобран, но вели дека иако физичките повреди заздравеле релативно брзо, таа долго време се справувала со менталните последици.

Цели 25 години по несреќата Џоан се борела со депресија и кошмари, но во 2020-тата година одлучила да напише книга во која ќе раскаже што навистина се случило.

„Присетувањето на настаните беше тешко, но ми помогна. Следната година по пишувањето на книгата, односно во 2021-ва, за првпат се вратив на местото на несреќата.

Речиси 25 години поминаа од несреќата и не знаев како ќе реагирам, но беше мирно и имав доволно време за да ја сфатам сериозноста на тоа што го преживеав. Бев благодарна“ – вели Џоан.

mi-otkazha-padobranot-i-prezhiveav-pad-od-1-980-metri-brzo-zakrepnav-od-fizichkite-povredi-no-so-traumata-se-spravuvav-25-godini-06.jpg

Таа денес работи како мотивациски говорник и јавно ја раскажува својата приказна за преживување, а вели дека конечно научила како да го живее секој ден како да ѝ е вистински подарок.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg