Девојка од САД го заменила градскиот метеж со живот во колиба среде шума (фото)
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
Младата девојка открива дека дури и во тоалетот има прозорец за да ужива во погледот кон шумата, но дека тоа воопшто не ѝ ја нарушува приватноста, затоа што во близина нема никој. Многу работи во колибата средила сама со своите вредни раце.
Хана Дуган oд САД го замени градскиот метеж со живот во природа и зеленило.
Оваа девојка дише со полни гради, опкружена со шума.
Таа неколку години патувала низ светот со комбе и потоа спонтано донела одлука дeка градскиот живот повеќе не е за неа, па си купила дрвена колиба во шума.
Најблискиот поголем град ѝ е на околу 40 минути возење со автомобил и работи онлајн, па оддалеченоста од сè не ѝ е проблем.
Хана открива дека дури и во тоалетот има прозорец за да ужива во опкружувањето, но дека тоа воопшто не ѝ ја нарушува приватноста, затоа што во близина нема никој.
Многу поправки во куќата направила сама со своите вредни раце.
„Тука е неверојатно мирно. Но, благодарение на животот во комбе јас некако научив да бидам сама на напуштени места. Иако на почетокот мора да признаам беше застрашувачко“, изјави Хана.
Зимата во нејзиниот дом е навистина сурова, па таа станува во 5 часот наутро за да запали оган.
Како изгледа нејзиниот живот:
С. С. | Црнобело