Скандал во Кан: Која е девојката што се полеа со лажна крв на црвениот тепих? (вознемирувачко видео)
- Детали
- вторник, 23 мај 2023
Девојката сомнително гледа околу себе дали некој од обезбедувањето ќе ја сопре, а потоа се качува на скалите каде што се фотографираат славните и се полеа со крв, во знак на протест на случувањата во Украина. Содржината е вознемирувачка, иако станува збор за лажна крв. Која е девојката што направи скандал во Кан?
Деновиве вниманието на целата светска јавност е свртено кон филмскиот фестивал во Кан, каде се собраа некои од најзвучните имиња во филмот и модата, а една девојка одлучи да ја искористи можноста за да го обрне вниманието на случувањата во Украина, која е зафатена со војна.
Во видеото што масовно се прошири на социјалните мрежи се гледа како една девојка облечена во тоалета со боите на Украина се појави на црвениот тепих во Кан, помина покрај обезбедувањето на фестивалот и откако се искачи на скалите, од градникот извади две ќеси со течност што наликува на крв и се полеа себеси.
Сепак, пред да може да направи нешто повеќе, обезбедувањето ја тргна од местото и ја испрати надвор.
Погледнете го видеото што масовно се прошири на Твитер:
VIDEO: Cannes action.
— AFP News Agency (@AFP) May 22, 2023
A woman dressed in Ukrainian colours pours fake blood on herself on the steps of the Palais des Festivals during the screening of the film 'Acid', before being removed by security staff pic.twitter.com/v7hAz1zetW
Инаку, девојката која протестираше во Кан, е Илона Чернобеј, позната украинска фитнес инструкторка и блогерка, која видеото од настанот го објави на својот Инстаграм профил и на кое се гледа како тројца припадници од обезбедувањето ја носат подалеку од фестивалот.
„Ја искористив мојата шанса и на овој начин го потсетив светот што се случува во Украина“ – напиша таа меѓу другото.
Во родната Украина е мошне позната затоа што по бременоста успеа да ослаби 30 килограми, а заедно со тамошните власти водеше програма за слабеење насловена Project X.
Погледнете уште неколку фотографии од Илона во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело