Доказ дека доброто со добро се враќа: Бездомник спаси бебе од сигурна смрт, истиот ден го вработија (видео)

Вирално се шири видео од бездомник, кој додека бил на интервју за работа, истрчал на улица за да спаси бебе чија количка забрзано се движела кон улица полна со сообраќај – бебето е спасено, а тој како херој веднаш ја доби работата.

bravo-bezdomnik-spasi-bebe-od-sigurna-smrt-za-nagrada-mu-nudea-pari-no-toj-pobara-samo-vrabotuvanje-01.jpg

На социјалните мрежи деновиве кружеше застрашувачко видео од мигот кога на жена од Калифорнија ѝ се испушта количката со бебето и почнува да се движи кон улицата полна со сообраќај.

Жената се обидува да ја фати количката, но се лизнува и паѓа... Повторно се обидува да стане, но не може и само гледа што ќе се случи...

bravo-bezdomnik-spasi-bebe-od-sigurna-smrt-za-nagrada-mu-nudea-pari-no-toj-pobara-samo-vrabotuvanje-02.jpg

И, во мигот кога мислите дека, за жал, на бебето му нема спас, се гледа како непознат човек доаѓа и успева да ја задржи количката пред да се случи вистинска трагедија.

bravo-bezdomnik-spasi-bebe-od-sigurna-smrt-za-nagrada-mu-nudea-pari-no-toj-pobara-samo-vrabotuvanje-03_copy.jpg

Херојот што го спаси бебето е Рон Несман, бездомник кој во моментот седел на клупа во близина и гледал како жената, која му е тетка на девојчето, излегувала од автомобилот. Но ветерот почнал да ја турка количката кон улицата.

„Ја видов жената и ми беше жал за неа. Имам внуци и внуки и не можам да замислам да им се случи такво нешто“ – изјави тој за медиумите.

Инаку, Рон е поранешен камионџија чијшто живот целосно се распаднал по смртта на неговата девојка во 2018-та година.

Тој долго време бил бездомник, и неодамна се вратил да живее во областа каде што ги видел жената и бебето.

bravo-bezdomnik-spasi-bebe-od-sigurna-smrt-za-nagrada-mu-nudea-pari-no-toj-pobara-samo-vrabotuvanje-04.jpg

Раскажа дека дента кога се случил инцидентот, само што завршил со интервју за работа во ресторан во близина и седел на клупата за да се одмори.

Откако видеото со неговото добро дело стана вирално на социјалните мрежи, Рон даде уште една изјава во која рече дека ја добил работата во ресторанот за која бил на интервју. Тој ќе почне да мие садови во ресторанот, и е благодарен што има работа.

„Морам да дојдам утре на работа, не можам да дочекам да почнам. Знаете што мислам? Конечно ќе се чувствувам добро“.

Тој вели дека иако голем број луѓе се обиделе да соберат средства за да му помогнат, сепак е одлучен сам да ги заработи сопствените пари и не бара милостина.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg