Никој не знае како починале, биле најдени во фаза на распаѓање: Кои се близнаците Маркус кои ја инспирираа серијата „Dead Ringers“?

Во високите кругови биле сметани за „богови на плодноста“, затоа што им помагале на богатите луѓе да добијат деца, но сите знаеле дека врвните гинеколози Маркус биле зависници од опојни супстанци. Нивната смрт до ден-денес е вистинска мистерија и никогаш не било докажано што навистина се случило со нив.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-01.jpg

ТВ серијата „Dead Ringers“, во која главната улога ја игра актерката Рејчел Вајс, е една од најпопуларните во моментов.

Во серијата, актерката ги игра улогите на две сестри гинеколози, кои важат за едни од најуспешните во нивната област, но имаат сериозни ментални нарушувања.

Сестрите близначки во филмот имаат огромна желба да ги поместуваат границите на медицинската етика за да воведат нови практики во борбата со неплодноста и да им помогнат на двојките да добијат потомство.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-02.jpg

Но, серијата се заснова врз вистински настани, со таа разлика што во реалноста не станувало збор за сестри гинеколози, туку за двајца браќа.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-03.jpg

Малкумина знаат дека приказната врз која се заснова самата серија, можеби е малку помистериозна од она што гледачите имаат можност да го видат на екраните, а смртта на браќата близнаци Кирил и Стјуарт Маркус со години наназад е вистинска мистерија.

Гинеколозите Кирил и Стјуарт Маркус биле родени на 2-ри јуни во 1930-та година во Њу Џерси како деца на лекар.

Уште од најраното детство сакале да си играат доктори, па никој не бил изненаден кога тие одлучиле да изградат кариера како медицински лица.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-04.jpg

За брзо време, браќата Маркус станале едни од најпознатите гинеколози во Њујорк, а во 60-тите години на минатиот век во високите кругови на њујоршката елита, браќата биле сметани за „богови на плодноста“.

Се верува дека голем број задоволни парови од благодарност кон близнаците, ги именувале своите деца со нивните имиња - Кирил и Стјуарт. А, вакви деца имало во голем број семејства: од Њујорк до Беверли Хилс.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-05.jpg

Браќата биле идентични и ретко кој можел да ги разликува. Оние што ги познавале, велат дека тие карактерно се разликувале еден од друг, но тешко можело да се знае кој брат поседува одредени карактерни особини.

Според некои нивни колеги, Кирил бил потемпераментен и понервозен, додека Стјуарт бил поопуштен и само по тоа можеле да ги разликуваат.

Уште поинтересно е тоа што тие двајца честопати знаеле да си ги заменат улогите, па тоа го правеле и кога работеле со пациенти.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-07.jpg

Но, до 1970-тите години општо познато било дека браќата биле зависници од опојни супстанци: амфетамини и барбитурати, па им се случувало да породуваат жени или да ги извршуваат другите должности во клиниката додека биле под дејство.

На почетокот на 70-тите години, Стјуарт го нашол брат му во станот како се предозирал со опојни супстанци, по што бил пренесен во болница.

Откако поминал неколку дена таму, тој бил пуштен и повторно се вратил на своите должности во клиниката за неплодност.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-10.jpg

Еден инцидент за време на обрежување на мало дете ќе биде конечна причина во 1975-та година браќата Маркус да добијат наредба од директорот на болницата во Њујорк да одат на рехабилитација.

Наводно, кога Кирил ја започнал процедурата врз бебето бил дефокусиран, се препотувал и ѝ се развикал на сестрата, по што таа викнала други доктори за да го надгледуваат. Тој се обидел да го обреже детето со рачката од ножот.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-06.jpgСцена од филм инспириран од животот на близнаците

Браќата Маркус не ја прифатиле понудата за рехабилитација, па наместо тоа побарале да им се даде оправдано отсуство од болницата, но непосредно потоа биле најдени мртви.

Телата на Кирил и Стјуарт биле најдени една недела по нивната смрт, откако домарот во нивната зграда забележал дека од нивниот стан се шири непријатна миризба.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-09.jpg

Полицијата била згрозена од глетката што ја видела во станот. Труповите на браќата биле во распаѓање. Едниот лежел во кратки пантолони на креветот со лицето свртено надолу, додека другиот бил само во црни чорапи со погледот кон таванот.

Сѐ околу нив било расфрлано. На скапиот стол во собата имало остатоци од човечки измет, а низ целиот стан биле расфрлани недојадени сендвичи, остатоци од храна во послужавник, фолии, прибор за јадење и само 22 долари.

Полицијата била збунета затоа што во станот немало знаци на насилно влегување, а вратата била заклучена одвнатре. На телата немало траги на насилство, ниту пак нешто што би укажало на насилна смрт.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-08.jpg

Првично браќата биле погрешно идентификувани, заради нивниот идентичен изглед, но потоа било утврдено дека Кирил живеел неколку дена подолго од брат му Стјуарт.

Наводно, домарот го видел како влегува и излегува од зградата, а неколку дена подоцна и тој починал.

Со оглед на тоа што нивната зависност од опојни супстанци била позната во јавноста, полицијата почнала да се сомнева дека можеби браќата биле под дејство во моментот кога настапила смртта.

Но, по голем број токсиколошки тестови кои биле направени, било откриено дека кај нив нема присуство на какви било опојни супстанци, па дури ниту на алкохол.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-11.jpgСцена од филм инспириран од животот на близнаците

Смртта на браќата Маркус долго време го привлекувала вниманието на јавноста за на крај да биде утврдено дека тие двајца најверојатно починале затоа што имале апстиненцијални кризи - заклучок што детективите го донеле врз основа на бројот на шишињата со лекови во домот на браќата.

Се смета дека апстиненцијалните кризи од барбитурати се многу поопасни од кризите што ги предизвикува хероинот.

telata-im-bile-vo-faza-na-raspagjanje-nikoj-ne-znae-kako-pochinale-koi-se-bliznacite-markus-koi-ja-inspiriraa-serijata-dead-ringers-12.jpgСцена од филм инспириран од животот на близнаците

Нивната приказна повеќепати била инспирација за уметниците. Само 2 години по нивната смрт Бари Вуд ја објави книгата „Twins: Dead Ringers“,  а во 1988-ма година режисерот Дејвид Кронеберг го снимил филмот „Dead Ringers“, во кој главната улога ја толкува Џереми Ајронс.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg