Кејт Мидлтон блеска на крунисувањето на Чарлс: Како принцезата им оддаде почит на Дијана и кралицата Елизабета?
- Детали
- сабота, 06 мај 2023
Кејт Мидлтон е вистинска принцеза на крунисувањето на Чарлс Трети - со долг бел фустан, дијамантски накит и венче наместо тијара на главата, таа блеска и ги засени останатите дами од кралското семејство.
Принцезата Кејт Мидлтон повторно воодушеви со својот изглед. На кралското крунисување во Лондон таа дојде облечена во бел фустан на кој со скапоцени камења се извезени роза, трн, хризантема и нарцис – четири цвета кои се симбол на четирите нации во Обединетото Кралство.
Фустанот е креација на дизајнерот Александар Меквин.
На главата, наместо тијара, Кејт имаше венче со цвеќиња од сребро и кристали, исто така дизајн на Меквин, пишува „Daily Mail“.
Принцезата носеше бисерно-дијамантски обетки кои ѝ припаѓаа на принцезата Дијана.
Таа ѝ оддаде почит и на кралицата Елизабета, па за крунисувањето носеше ланче што ѝ припаѓаше на кралицата – подарок кој Елизабета го добила од нејзиниот татко Џорџ Шести.
Кејт на крунисувањето дојде со принцот Вилијам и нивните три деца – Џорџ, Шарлот и Луи. Шарлот беше облечена како мини верзија на Кејт.
А. Ј. | Црнобело