„Отидов во полутанга тексас шорцеви во супермаркет, ме исфрлија затоа што бев многу секси“

„Луѓето ме гледаа со предрасуди, други ме навредуваа и на крај бев исфрлена. Ви се верува ли? Се чувствував навредено од таа омраза која беше упатена кон мене. Мислам дека сите овие навреди доаѓаат од ‘фобијата од сексапилни жени’...“, вели Керолај Чејвс (21) од Бразил.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-01.jpg

Керолај Чејвс (21) од Бразил е девојка која за себе тврди дека работи како модел, а сега откри дека се соочила со непријатна ситуација во локален супермаркет во Бразил.

Таа вели дека поради „непристојната облека“ била исфрлена оттаму.

Керолај во таа ситуација носела прекуси тексас шорцеви и кроп-топ, а од својот стајлинг сподели фотографија и на Инстаграм.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-03.jpg

Таа вели дека додека си ја туркала количката вработените во маркетот ѝ пристапиле и ѝ кажале дека нејзиниот аутфит открива премногу.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-02.jpg

„Луѓето ме гледаа со предрасуди, други ме навредуваа и на крај бев исфрлена. Ви се верува ли?

Јас мислам дека е апсурдно што жените уште се третирани на овој начин, само поради тоа како се облечени.

Се чувствував навредено од таа омраза која беше упатена кон мене. Мислам дека сите овие навреди доаѓаат од ‘фобијата од сексапилни жени’, која ја гледам секој ден“.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-04.jpg

Некои од следбениците ја поддржаа Керолај, но други ја осудија и ѝ прокоментираа: „Навистина нема потреба да одиш во супермаркет така облечена“, „Им правиш непријатно на чесните луѓе кои со своите деца отишле во супермаркет“ итн.

Што мислите вие за нејзиниот аутфит?

На следната страница повеќе фотографии од провокативната Керолај...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg