„Ми помогна што Роби Вилијамс изјави дека нема секс во бракот“
- Детали
- петок, 28 април 2023
„Искрено да ви кажам, мило ми е за изјавата на Роби, со сопругата открија дека се во среќен брак и дека недостигот од секс не мора да го убие бракот. Кога живееме во свет каде најголем мит е дека сите други имаат многу и фантастичен секс, за многу парови искреното интервју на Роби е утешително...“
Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд признаа дека навистина ретко имаат секс во бракот и тоа им е сосема во ред.
Во неодамнешно интервју Роби откри дека либидото му паднало, откако престанал да зема тестостерон за да може да ја третира депресијата.
Повеќе детали од неговото интервју прочитајте ТУКА.
По неговата искрена изјава, Луси Бересфорд, психотерапевт од Велика Британија, во прво лице говори зошто овој потег на Роби ѝ се допаднал.
Нејзината искрена исповед:
„И искрено да ви кажам мило ми е за неговата изјава, тие открија дека се во среќен брак и дека недостигот од секс не мора да го убие бракот.
Кога живееме во свет каде најголем мит е дека сите други имаат многу и фантастичен секс, за многу парови искреното интервју на Роби е утешително.
Навистина најважно е да проверите дали двајцата сте среќни со малку или речиси без секс. И ако двајцата имате ист став и ја одржувате врската со други работи, кои ги правите еден за друг, тоа е прекрасно.
Да се знае колку е точната бројка на парови кои немаат секс или им е сведен на минимум е тешко да се знае, затоа што тоа е тема за која не се говори многу јавно.
Но, според некои истражувања се проценува дека околу 15-20% од брачните парови се во „брак без секс“, а некои истражувања тврдат дека ова е случај со дури една четвртина од браковите.
Најчести причини за ова се проблемите со менталното здравје, како и примањето терапија и лекарства за различни здравствени состојби. Токму и затоа интервјуто на Роби е толку брилијантно.
И сосема е во ред да се сакате и да сакате да се направите среќни. Ако во вашиот брак нема секс, тоа не значи дека нема љубов.
Ако сакате да го вратите сексот во бракот, тогаш може да побарате помош од експерти во областа, но ако сте среќни со ситуацијата, тогаш е во ред.
Периодот без секс може да ви даде шанса одново да процените каков тип на интимност сакате во бракот и што ве исполнува, без разлика дали тоа е грижа за децата или реновирање на домот или пак прегратки и праќање на љубовни пораки.
Ако ситуацијата функционира за двајцата, супер! Фала Роби за искреноста...“
С. С. | Црнобело