Совети за долговечност од 109-годишен маж: „Секогаш сум оптимист, секој ден пијам млеко и не барам помош од никого“

109-годишниот Винсент од САД сам ги завршува сите свои обврски, а и уште вози автомобил. Тој вели дека тајната за неговата виталност е физичката активност, редовното пиење млеко, но можеби најмногу - позитивниот став кон животот.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-01.jpg

Винсент Дрансфилд од Њу Џерси има 109 години, а возраста не го спречува сам да се грижи за себе. Тој вели дека за скоро ништо не бара помош од помладите членови на семејството, како и дека уште вози автомобил.

Неговото семејство, пак, вели дека е многу активен и никогаш не се жали за болки или проблеми со здравјето кои обично се нормални со возраста.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-03.jpg

Според Винсент, тајната за неговата виталност е тоа што постојано е активен. Тој вели и дека секој ден пие по една чаша млеко и дека целиот живот е оптимист.

Во текот на целиот живот, тој не се соочил со сериозна болест, како проблеми со срцето.

Винсент е роден на 28-ми март 1914 година. Речиси целиот живот работел во локална пожарна служба, а еден период бил и надреден на пожарникарите.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-02.jpg

Ова била работата од соништата за Винсет, па тој додава дека и ова е важен фактор што придонесува за неговата одлична здравствена состојба.

За жал, сопругата на Винсент е почината, а заедно биле 54 години. Според неговата внука, дружбата со колегите пожарникари му помогнала да ја преболи загубата на саканата.

„Откако почина баба ми, ова го одржуваше. Секој ден одеше во станицата од три до пет часот попладне и се дружеше со пожарникарите. Му беа како семејство“.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-06.jpg

Истото работно место му помогнало и да биде физички активен целиот живот.

„Станав дел од пожарната служба на 21 година и поради тоа како да вежбав секој ден. Бев активен и трчав секојпат кога ќе добиевме повик“, открива Винсент за Today.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-07.jpg

Откако завршил осмо одделение, Винсент почнал да работи на фарма за да го издржува неговото семејство. Токму овде почнал секој ден да пие по чаша млеко – навика што ја има и денес.

„Редовно пиев млеко и се хранев добро бидејќи живеев на фарма. Честопати мислам дека ова ми помогна да го одржам здравјето во текот на животот“.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-04.jpg

Винсент истакнува и дека секогаш си дозволува (нездрава) храна што ја сака, а одвреме навреме сака да пие и пиво.

За крај, тој вели дека позитивниот поглед кон животот е она што го одржува најмногу.

„Секогаш сум позитивен. Пробувам да ја гледам добрата страна секојпат кога ќе се случи нешто лошо“.

soveti-za-dolgovechnost-od-109-godishen-mazh-sekogash-sum-optimist-sekoj-den-pijam-mleko-i-ne-baram-pomosh-od-nikogo-08.jpg

Иако повеќе не е реткост некој да го дочека 100-тиот роденден, факт е дека повеќето луѓе на оваа возраст се изнемоштени.

Но, Винсент е доказ дека со физичка активност, добра исхрана, но и позитивен став кон животот, возраста не мора да биде проблем.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg