„Си објавувам фотографии како ја дојам ќерката - ме oбвинуваат дека сексуално ги возбудувам мажите“
- Детали
- четврток, 20 април 2023
„Дали на жена која си го храни детето со шишенце, ќе ѝ кажете да го покрие шишенцето? Не знам зошто луѓето мислат дека ова го правам за внимание и за да поттикнам сексуална страст, јас правам нешто сосема природно...“
Шанаја О’Нил од Велика Британија е мајка на 2-годишно девојче и на социјалните мрежи постојано објавува фотографии како ја дои својата малечка.
Таа вели дека ја дои ќерката Изабела каде и да треба, без разлика дали станува збор за супермаркет, автобус, ресторан или продавница и воопшто не се покрива со нешто.
Но, нејзините фотографии и видеа од доење наидуваат на критики на социјалните мрежи. Нејзините следбеници велат дека им е непријатно од фотографиите, со кои кај мажите дури буди сексуална желба.
На ова Шанаја вели:
„Нивните коментари ми се ирелеватни, дали на жена која си го храни детето со шишенце, ќе ѝ кажете да го покрие шишенцето?
Не знам зошто луѓето мислат дека ова го правам за внимание и за да поттикнам сексуална страст, јас правам нешто сосема природно, кое се сметало за сосема нормално уште многу, многу одамна“.
Шанаја вели дека и понатаму ќе продолжи да ги споделува своите искуства со доење онлајн.
С. С. | Црнобело